Сакса кралу, фала ти!

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Дали сте ја слушнале поговорката „Ние стоиме на рамењата на џинови“ или во оригинална форма „We stand of the shoulders of giants“. Таа поговорка е потсетник дека пред нас имало некои големи луѓе кои овозможиле денес обичниот човек има подобар квалитет на живот од некогаш што имале кралевите.

Жално е што во 21 век на ова наше поднебје ова наше гејмерско комјунити се среќава со толкав отпор спрема тоа што го правиме за забава.

Менталитетот „Игри се за мали деца“ до пред неколку години беше страшно јако врежан во главите на нашите сограѓани што воопшто не беше возможно индивидуално да им се објасни на блиските дека тоа е сосема нормална работа, дека просечната возраст на гејмерите во светот е 35 години, дека игра и старо и младо,дека видео игрите далеку ги надминуваат во профит и интеракција филмовите и сериите. Едноставно секој од нас кога ќе пробал малце од малце да ја начне таа тема во потесниот круг налетувал на потсмев или воопшто не бил сфатен сериозно.

GG.MK

Пред околу 7 години кај нас се појавија првите „џинови“ кои направија нешто што никој од нас не сонуваше дека ќе се случи. Се појавија SkullMonkey, Tramspotting и BiggiesmallZ и ги собраа сите гејмери на едно место.

Тоа беше почетокот за на нашето комјунити какво што го познаваме денес, вечно ќе ги памтиме и воспеваме како foundersбидејќи во наши очи го направија најбитното нешто што можеше да го направи за нас како ендемичен вид.

Колку и да беше лично битно сето тоа за нас како гејмери, драги пријатели, сега, во 2022 се појави најголемиот „џин“ на кој можевме да се надеваме, Сакса.

Малце е жалосно кај нас толку касно се слушна за Сакса, иако 2016  беше второ место на напрестижниот и најплатен турнир во светски рамки од било кој калибар, некако тоа не беше доволно за да се крене барем малце прашина околу него.За неговото име да стане нешто требаше да поминат 6 години за да конечно освои прво место на истиот тој турнир за да малце почне неговото име да допира во „мејнстримот“.

Е сега може да правиме муабет за најинтересното што се случи од кога „обичниот смртник“ слушна за Сакса.

Прво и најбитно беше прашањето „И колку пари зема за тоа?“

Второто и најинтересно беше одговорот што го добија на тоа прашање.

Бидејќи мојата работа е тесно врзана со тие интеракции  и „дете-родител-комјутери-гејминг“ муабети, барајќи златна средина помеѓу детето и родителот, можам со радост да ви кажам дека Сакса, не само што направи промена во менталниот склоп, буквално ги сруши самопоставени „догми“ што луѓето си ги имаа во главите.

Иако години и години се трудам да го доближам гејмингот кон повозрасните генерации преку нивните деца, многу ретко тоа ми успева, секогаш останува некоја доза на сомнеж дека играњето игри е деструктивно и нема да донесе никаков благодет во животот на нивното дете.

Верувајте, сите „финти“ се пробани, од „нема детето да ти скита по улици“ до „вети му на татко ти дека ќе учиш Блендер барем 4 саати во неделата“ (на таткото му е доловено дека ако научи моделирање ќе зима 1000е на 18 години и дека со гејмерскиот компјутер вложува во иднината на малиот).

Се што можете да помислите дека може да му се каже на човек (што врв на користење на дигитална технологија му е Вибер) дека треба да даде 1000+ евра за компјутер за да се играат игри на него,и дека „компјутер за учење“ само ќе го направи детето понесреќно и ќе го оттргне од другарчињата. Верувајте се тоа е кажано, истестирано дали функционира, и употребено за да излеземе во пресрет на идната генерација на млади гејмерчиња.

После „феноменот Сакса“ се тоа е многу полесно.

Сакам со вас да споделам три случки, тажна, смешна и инспирирачка.

Првата случка е многу тажна во мои очи, не можам да ви опишам колку. Го гледав во очи потенцијалниот „Сакса 2“ како му е уништена можеби и најголемата можност за успех што животот воопшто ќе му ја понуди.

Се испостави дека малиот кога имал 15-16 години  бил предобар во Fortnite (за сите негејмери што го читате ова, не се трудете да разберете, само читајте ги бројките) , се пласирал на некои турнири каде што не било возможно да се пласира, не требало да биде таму зошто поради слабиот компјутер, во последните зони имал падови до 40fps. Детето до толку имало скил што ни тоа не го спречило. Кога побарал нов компјутер објаснувајќи им дека може да направи и сериозни пари со тоа, дури изел и ќутек зошто „бил безобразен и лажел за по секоја цена да си го добие тоа што го сака“ и добил забрана за играње на видео игри, смеел да игра само за викенд. Дури и со компир-компјутер освојува некои премии и парични награди, што му овозможило само да може пак да игра преку недела, нов компјутер ни во лудило не доаѓало во предвид.

Со родителот на тоа дете кој сега (веќе слушнал за Сакса) случајно паѓаме во муабет, ме прашува дали се вистинити тие суми, бидејќи син му му зборел ама овој мислел дека го матка. Откако му потврдив дека се вистинити, и дека уствари се малце тие пари бидејќи батлпасот  за TI2022 не беше како предходните.

Додека ми ја раскажува приказната улетува дечкото слуша за што збориме, влегува во муабет, го распрашувам што како играл што се случило бидејќи имам ограничено знаеше од Fortnite и нивниот систем за турнири, само ќе ви ја пренесам најбитната реченица што ми кажа во муабетот.

„Со бројот на турнири што го имаше тогаш, колку беа премиите, и кој беше мојот скил, најлошо да играв што можев ќе имав 100 000е, се што ми требаше беше само добар компјутер, тоа никогаш нема да и го простам на моите“.

тужна прича

Не знам дали навистина можел тоа да го да го постигне, ама едно ќе ви кажам,ми покажа клипови од него на мобилниот.

Другари, дојдов после дома да го гледам Bugha и да ги споредам. Се што можам да кажам и дека тоа што го правеше изгледаше далеку поимпресивно од Bugha.

Tаткото со разочарување на лицето пробуваше да се оправда и да напраи шега во стилот „еве бе, пробај па сеа, ако треба и компјутер ќе купиме“ и само налета на скиснати фаци кај нас двајцата. Од тој талент се што останало е некоја партиjа League of Legends со другарите, и чат-пат некое сингл плеер игриче.

Колку и да не ми се сфиѓа крајот на оваа приказна, барем Сакса помогна да му се отворат очите, и се надевам дека ќе го раскажува ова по свои колеги, барем да влијае на некои други гејмерчиња да имаат колку толку раат.

Следната случка е малце со поведар тон, смешна и интересна.

Некој господин, дошол и фатил мој колега и го „изрешетал“со прашања околу компјутери, херцажа на монитори, да му се објасни зашто и како е тоа битно за CS GO.Колегава го прашал зошто толку се интересира,и приказната идела вака.

„Малиот мој игра многу кантер страјк,и сите другари негови зборат како им е најдобар, и како со толку слаб компјутер и монитор ги тепа. Приметив дека пофасцинирани беа од тоа дека му е слаб компјутерот, него од што е добар во играта,а нон стоп ми бара нов компјутер и затоа дојдов да прашам дали навистина тоа толку му менува“

ВЕДРА ПРИЧА

Откако му објаснил колегава дека и тоа како менува , се отворил човекот дека некако на фејсбук му искочило за некој дечко што со игрица земал многу пари, па го прашал синот, дали во неговата игрица било тоа, и дознал дека не, ама дека исто и во неговата игрица имало такви големи суми на пари.

Муабетот завршил вака:

„Абе чим е толку добар ко што зборат децава и чим ти викаш стварно дека мења појак  компјутер и монитор, ќе го донесам да му земеме, па од кај знаеш кај му е среќата, може у тоа ќе му биде“

Третата случка ми е мене лично најдрага

Во 2016 година сум успеал да убедам родител, да купи монстум од компјутер на синот кој штотуку почнал втора година на факултет, со тоа што тој бил многу против играње игри и барал нешто што само ќе си ја заврши работата. Баш тогаш Сакса со Digital Chaos изгазија на TI 2016 и убаво сум му објаснил дека игрите не се веќе толку банална работа дека веќе сериозни суми се вртат во тоа, дека познавањето и интересот за игри може да му отвори можности на професионално поле.

Иако доста скептичен, попуштил, и наместо со нешто базично, го купиле тогаш „најјакиот компјутер“ (претпоставувам нешто со 1080ti).

Пред извесно време истиот тој господин, ме сретна во ист таков разговор каков што сум имал со него и без мислење се вмеша.

Ова беа неговите зборови:

„Да му го земеш на детето најјакиот компјутер,2016 година истиов дечко мене ме убеди да му го зеам најјакиот компјутер на син ми, јас не сакав за да не игра игрици, ама еве со тие игрици сега си се вработи, сега работи нешто со игриците во Холандија, а дури беше тука 10 пати му ги извади парите. Тогаш јас не им верував, мислев ме преварија со синот, ама не сум бил во право, алал да е секој денар што го дадов за тој компјутер“.

СРЕЌНА ПРИЧА

Покрај овие случки има и многу други, можеби ќе збориме за нив во некоја следна прилика, а многу од нив немаше да бидат возможни без нашиот „џин“ Сакса.

Главната поента на овој текст е да му се заблагодариме како наш најголем претставник и амбасадор на македонскиот гејминг.

Жално е што неговото амбасадорство повеќе служиза внатрешна употреба, за освестување на луѓето дека гејминг во најмала рака е нормална работа, а во ретки случаи и професија.

Како и да е другари, верувајте, сега полесно се дише, а уште и полесно ќе станува,Сакса стави силен темел за македонскиот гејминг што не може да се игнорира.

Сега е на нас да го употребиме, па ако треба некаде и злоупотребиме тоа, уште повеќе да ја поткренеме свеста и да ја доближиме гејминг културата до што повеќе луѓе.

Верувам дека со ова што ќе го кажам за крај зборам во име на сите гејмери, и од се срце ќе се сложат со мене:

Сакса краљу, фала ти
свака ти дала…

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit
Share on pinterest

WP Post Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Втората сезона на Overwatch 2 ќе започне следната недела на 6ти декември! Ажурирањето на сезоната носи нов херој во играта заедно со нова мапа, Battle Pass, празнична козметика и многу повеќе…

Оваа вест доаѓа преку новиот трејлер за 2та сезона на Overwatch 2, објавен денеска, кој можете да го погледнете подолу, заедно со нов блог пост од Blizzard. Во трејлерот, го гледаме новиот херој кој се приклучува на списокот на херои – Ramattra како и новата експорт Shambali мапа која влегува во редовната ротација на играта заедно со досегашните. Исто така го гледаме новиот Mythic скин на Junker Queen достапен во новиот Battle Pass како и поглед на некои од празничните скинови од претстојните празнични настани.

With a new season comes a new map pool. Along with our newest map, Shambali Monastery, players can anticipate the return of a fan-favorite, Rialto, and the most epic place on earth, Blizzard World. We’ll be visiting Oasis and Nepal at different times of the day and rotating out Hollywood and Watchpoint: Gibraltar. As a reminder, all off-rotation maps will continue to be available in custom games.” 

Blizzard

Blizzard вели дека темата на 2-та сезона е грчката митологија, што објаснува зошто митските скинови од Battle Pass е Zeus Junker Queen. Овој скин ќе вклучува нови прилагодувања, модели на оружја, гласовни линии и специјални ефекти. Легендарниот скин на Poseidon Ramattra и Легендарниот скин од Hades Pharah може да се заработи и со квестови.

“These heroes and several others will be imbued with awesome god-like powers in our new Battle for Olympus game mode. This new limited-time event will start on January 5 and last until January 19.”

Blizzard

Blizzard исто така враќа два празнични настани: Winter Wonderland and Lunar New Year. Секој настан оваа сезона, вклучувајќи ја и битката за Олимп, ќе има скин како награда што можете да се заработи со играње и исполнување предизвици. Можете исто така да заработите помали работи од сезона 2 со гледање стримери на Overwatch 2 на Twitch.

Сезона 2, исто така, носи неколку промени во рамнотежата на Overwatch 2. Blizzard вели дека се фокусира на масакрирањето на Sojourn’s Rail Gun на растојание за сезона 2, во обид да ги поттикне играчите да ја „искористат големата мобилност на Sojourn за да го затворат растојанието за повеќе да има уништувања”. Doomfist добива „значајни промени кои подобро ја поддржуваат неговата улога како Tank на тимот, додека сè уште го одржува јадрото на стилот на игра на неговиот идентитет на херој“. Севкупно, Blizzard вели дека може да очекувате прилагодувања за Ana, Bastion, Junker Queen, Kiriko, Mercy и Symmetra кога ажурирањето на сезона 2 ќе биде објавено на 6 декември.