Tales From The Borderlands се враќа во живот ова лето

Gearbox се далеку од завршување со франшизата на Borderlands по објавувањето на Tiny Tina’s Wonderlands и со претстојниот филм Borderlands кој е во постпродукција моментално. Компанијата денеска објави дека популарниот спиноф на Borderlands се враќа оваа година и тоа е нормално познатата игра Tales from the Borderlands.

Компанијата ја сподели оваа информација на официјалниот Twitter на Borderlands. Беше откриено дека Tales from the Borderlands ќе добие втора сезона, а Gearbox наведе дека само 2K се приклучени на овој проект. Твитот гласи: „Има уште приказни за истражување во универзумот на Borderlands. Во 2022 година доаѓа сосема нова авантура на Tales from the Borderlands од @GearboxOfficail и @2K. Повеќе инфо ова лето“. Пораката дојде со уметничко дело со три лика под логото на Borderlands со голема месечина која свети во позадина! Лудории!

Првите девелопер за Tales of the Borderlands беа Telltale Games, но не се спомнати во најавата, што има смисла бидејќи таа компанија презеде повеќе издавачка улога откако беше затворена и воскресна во последните неколку години. Не е познато дали ова ново издание на Tales from the Borderlands ќе продолжи со ликовите од првата сезона или ќе продолжи кон други приказни и карактери во универзумот. Ние претпоставуваме дека ќе бидат целосно нови карактери. Односно ќе ги има и старите, но сепак главните карактери нема да бидат истите.

Првата сезона на Tales of the Borderlands е Adventure Game која ги следи приказните на бивш-вработен во Hyperion Rhys и ConArtist-от Fiona во грубиот, но хумористичниот свет на Pandora.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

KeokeN, девелоперите зад неколку помали игри, објавија дека ги отпуштаат сите вработени во студиото. Одлуката доаѓа по неуспехот да соберат нешто „значајно“ по присуството на Конференцијата за развивачи на игри (GDC) во Сан Франциско.

Во изјавата објавена на Твитер, извршниот директор Коен Дитман и управниот директор Пол Дитман го објаснија изборот да ги отпуштат преостанатите вработени.

Срцето скршено, моравме да го отпуштиме нашиот тим во KeokeN бидејќи ништо суштинско не се материјализираше директно по нашата посета на GDC“, велат тие. „За жал, ги исцрпивме сите наши можни опции за објавување, работа за изнајмување и заеднички развој.”