ЛЕЛЕ ЛУЃЕ ШТО НАПРАВИВМЕ!! (по втор пат)

Што е подобро од една меѓународна титула? Две! Нашите момци повторно успеаа да издвојат победа на меѓународниот еспорт шампионат, IESF WEC 14. По долга битка низ плејоф фазата, нашите момци повторно успеаа да го веат македонското знаме како шампиони во CS:GO.

Нашите легенди,
Дамјан “kyxsan” Стоилковски
Јане “aidKiT” Апостолоски
Александар “CacaNito” Ќулукоски
Даниел “dan1” Глигоров и
Павле “stYleEeZ” Стојановски

заслужено добија место на првенството преку нивната победа во европските квалификации и со тоа добија директно место на меѓународното првенство. Нивната европска победа ги пласираше директно во плејоф фазата каде што се соочија со Индонезија, Тим IESF, Аргентина, Германија и Монголија. Иако претрпија пораз против Тим IESF, што ги спушти во долната половина, успеаа да се вратат во финалето каде што се соочија со Монголија, и со резултат од 3-1 успеаа да ја осигураат шампионската титула. За оваа титула се бореа 36 држави.

Во ова првенство, Македонија се натпреваруваше и во Dota 2 и еFootball™, но за жал нивниот пат не траеше долго. Сепак голем аплауз за истрајноста и посветеноста на Давид “Dgarevski21” Гаревски во eFootball™, и Александар “Kanao” Ивановски, Горазд “Gogo” Мамуровски, Ристе “Risk” Нелоски, Стефан “KralotBulo” Станојковски и Игор “Stojkov” Стојков во Dota 2. Гаревски успеа да се пробие низ групната фаза, но претрпи пораз против Саудиска Арабија, кој што го оневозможи да премине во плејоф фазата, додека нашите доташи беа покорени од страна на Тајланд во плејоф. 

Во секој случај, ова досега е најголемата македонска репрезентација на меѓународниот шампионат WEC, и се надеваме дека догодина истиот ќе биде поголем и ќе донесе повеќе победи.

Во текот на овој шампионат најмногу победи беа издвоени од страна на домаќините Индонезија во Dota 2, eFootball™ и Mobile Legends: Bang Bang. Другите победи ги осигураа Пакистан во Tekken 7, Казахстан во PubG и Полска во Female CS:GO.

И како за крај,

ЛЕЛЕ ЛУЃЕ ШТО НАПРАВИВМЕ!! (по втор пат)

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

KeokeN, девелоперите зад неколку помали игри, објавија дека ги отпуштаат сите вработени во студиото. Одлуката доаѓа по неуспехот да соберат нешто „значајно“ по присуството на Конференцијата за развивачи на игри (GDC) во Сан Франциско.

Во изјавата објавена на Твитер, извршниот директор Коен Дитман и управниот директор Пол Дитман го објаснија изборот да ги отпуштат преостанатите вработени.

Срцето скршено, моравме да го отпуштиме нашиот тим во KeokeN бидејќи ништо суштинско не се материјализираше директно по нашата посета на GDC“, велат тие. „За жал, ги исцрпивме сите наши можни опции за објавување, работа за изнајмување и заеднички развој.”