Магационери украле голем број на графички карти во вредност од $35,000

Тројца мажи (магационери) во Русија, наводно биле уапсени откако украле 20 Nvidia RTX 3070TI од складиште во предградието. На видеото може да се види како луѓето ги крадат графичките од магацинот. Наводно луѓето биле уапсено кога пробале да ги продадат на локалните продавници (Pawn Shops). Како што објавиле Videocartz.com преку Mash, тројца осомничени очигледно биле вработени кои работеле во магацинот Wildberries во Подолск, Русија. Тие, наводно упаднале во просторот за складирање на магацинот преправајќи се дека собираат нарачка преку интернет. На крајот, мажите стигаат до прозорецот во магацинот и застанале таму за да ги отворат и да ги спуштат графичките на друг член од екипата.

Целата операција, која се одвивала прилично без проблеми, со оглед на сите работи, била снимена на повеќе безбедносни камери во објектот. Снимката од грабежот била поставена на Mash каде што има над 1 милион прегледи.

Наводно на крадците работите им оделе полесно одкако ги извадиле од магацинот. Триото се обиделе да ги продадат како многу барани графички во тие продавници. Но тие сакале само помалку од половина од вредноста на графички, поради што еден сопственик на продавницата станал многу сомнителен за што се случувало. Сомневајќи се дека стоката е многу жешка, тој наводно повикал полиција и набргу потоа триото било заробено и уапсено. Едно нешто што не се знае е доколку не се пројавел овој случај колку графички би се продале од продавницата.

Во моментов Русија, поради тековната војна во Украина се соочува со долга и растечка листа на санкции. Буквално се што може да се губи го губат. Многу компании за технологија и видео игри го прекинаа бизнисот во земјата, што доведе до тоа графичките во Русија да станат премногу скапи. Известено е дека една RTX 3070 сега чини околу 200.000 рубли што во евра е околу 1900-2000. Во САД истата графичка може да се најде од 500 до 700 долари.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

About The Author

KeokeN, девелоперите зад неколку помали игри, објавија дека ги отпуштаат сите вработени во студиото. Одлуката доаѓа по неуспехот да соберат нешто „значајно“ по присуството на Конференцијата за развивачи на игри (GDC) во Сан Франциско.

Во изјавата објавена на Твитер, извршниот директор Коен Дитман и управниот директор Пол Дитман го објаснија изборот да ги отпуштат преостанатите вработени.

Срцето скршено, моравме да го отпуштиме нашиот тим во KeokeN бидејќи ништо суштинско не се материјализираше директно по нашата посета на GDC“, велат тие. „За жал, ги исцрпивме сите наши можни опции за објавување, работа за изнајмување и заеднички развој.”