Долгоочекуваната Baldur’s Gate 3 конечноима конечен датум на објавување: 31 август 2023 година. Доаѓа и на PlayStation 5, како и нормално на PC. Иако на PC веќе од 2020 година е во Early Access.
Тоа е нешто помалку од три години откако првпат се појави на Steam Early Access и не помалку од 23 години по Baldur’s Gate 2! Дали знаете колку се 23 години чекање за нова верзија?! Иако играта секогаш си имала многу ажурирања и додавања, сепак се работи за некој ненормално голем период од една во друга верзија.
Добивме нов поглед на играта за време на најновиот Sony State of Play, кое исто така откри нов антагонист: некроманцер кој го играа еден од најлегендарните актери кој се појавува во Whiplash & Spider-Man – JK Simmons! Лудница!
Други додатоци прикажани во овој трејлер вклучуваат CO-OP за двајца играчи на PS5 или онлајн со четири играчи.