Assassin’s Creed Mirage ќе добие New Game+ во Декември

Ubisoft објави дека Assassin’s Creed Mirage ќе добие бесплатно ажурирање во декември кое што ќе вклучува New Game Plus и опционален режим кој што ќе направи доколку го уклучите да имате постојана смрт, односно доколку умрете, морате да ја почнете играта целосно од ново.

Assassin’s Creed Mirage беше објавена во октомври и беше најпродаваната игра на Ubisoft за време на периодот на лансирање на PS5 и XBOX Series X|S. Ubisoft исто така спомена претходно оваа година дека нема планови за никакво претстојно DLC за играта.

Додека Ubisoft вели не на каква било дополнителна содржина на приказната, други студија го кажаа истото во минатото, а потоа последователно се предомислија. Square Enix изјавија дека нема планирано DLC за Final Fantasy XVI, но сега добива две проширувања…

Assassin’s Creed Mirage испадна игра која што многумина ги врати на корените. Mirage навистина се враќа на основите кои први ја дефинираа серијата со рефокусирање на социјалната скришум и правејќи го забавно да се учи за историјата на градот.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Џокерот од Флорида, кој навидум инспирираше лик прикажан во трејлерот за на GTA 6, бара 2 милиони долари од Rockstar Games за неговото искористување, и тоа што му го украле целиот карактер кој што он сам си го градел.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, „вистинскиот“ Џокер ги повтори своите размислувања од неговото претходно видео. Тој покажа кон ликот од играта рамо до рамо со негова слика, повторувајќи постојано дека е јасно од кого е инспириран тој лик.

“We gotta talk GTA, or not you guys gotta give me a million or two,” he said in the video.

“Holla at me GTA. Rockstar Entertainment.”

Дури и ако има шанси да добие пари од Rockstar, тоа е многу малку веројатно. Rockstar лесно може да тврди дека ликот во играта е пародија. Има и случај кога актерката Lindsay Lohan се обиде да ги тужи Rockstar, тврдејќи дека ликот на девојка во GTA V се базира на неа.

Тој случај на крајот беше отфрлен откако судијата Eugene Fahey изјави: “„Уметноста и реалниот живот не треба да се споредува. Доколку во игра имаме рендер од некој карактер не значи дека тоа е инспирано од реалниот живот”.

Rockstar не ги коментираше барањата на Џокерот од Флорида, и најверојатно нема да ги коментира во никакво официјално својство… Нормално дека не се будали за да го направат тоа…