Извршниот Директор на Take-Two смета дека игрите треба да се многу поскапи од тоа што се сега

Strauss Zelnick, извршниот директор на Take-Two Interactive, долгогодишниот издавач на серијалот Grand Theft Auto, постојано изјавува дека според него игрите треба да се многу поскапи од тоа што се сега. Моментално ако игрите се 70 евра, он смета дека за поголеми и подолги игри цената треба да е многу поголема. Тој изведе збунувачки алгоритам кој ефикасно ќе ги натера играчите да платат повеќе за подолга игра врз основа на нивната „очекувана забава“.

Едноставно кажано, колку е подолга играта и колку повеќе се очекува да ја играте, толку повеќе да платите за неа.

Можеби е збунувачки концепт вака на хартија, но има смисла… Сакате пример? Колкумина од нас платија 60 долари за Grand Theft Auto 5, за потоа да ја играме играта на циклус од илјадници часа во текот на следната деценија? Тоа е предобра зделка за гејмерите во тој поглед!

Затоа Strauss Zelnick предложи за време на финансискиот повик дека постои јасен монетарен проблем во игрите, при што цените за големите игри се очајно ниски.

In terms of pricing for any entertainment property, basically the algorithm is the value of the expected entertainment usage, which is to say that the per-hour value times the number of expected hours plus the terminal value that’s perceived by the customer in ownership if the title is actually owned, not, say, rented or subscribed to. And you’ll see that that bears out in every kind of entertainment vehicle. By that standard, our frontline prices are still very, very low because we offer many hours of engagement.

Изјава од Strauss Zelnick за Exputer

Ако Zelnick ја примени оваа логика на продажбата на Grand Theft Auto 6 – која ќе биде откриена следниот месец – има голема шанса цената да е 100 евра…

За среќа, Zelnick , исто така, истакна дека издавачите немаат вродена способност да влијаат на препорачаните малопродажни цени, без разлика колку и да сакаат.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Проектот и серијата Secret Level беа претставени на неодамнешната церемонија на Gamescom Opening Night Live, при што студиото Blur ги дигна стандардите за амбициозниот проект кој вклучува неколку препознатливи франшизи. Secret Level е анимирана серија во која секоја епизода е заснована на различна игра: God of War, Unreal Tournament, Warhammer итн.

Во последните неколку месеци на интернет се појавуваа неколку тизер трејлери, но неодамна протече еден поголем трејлер кој што ни откри неколку клучни членови на актерската екипа.

Гејмингот владее во Холивуд

Протечениот трејлер за Secret Level, кој се појави на еден Телеграм сервер, прикажува повеќе од франшизите што најдоа место во проектот. Тоа е долга листа, а потенцијалот на Secret Level е речиси неспоредлив – има толку многу серии на видео игри од кои може да се извлече за да се насели универзумот.

Во трејлерот се откриваат вокалните таленти на неколку актери од висок профил:

  • Arnold Schwarzenegger
  • Patrick Schwarzenegger
  • Kevin Hart
  • Heaven Hart
  • Keanu Reeves
  • Gabriel Luna
  • Arianna Greenblatt
  • Adewale Akinnuoye-Agbaje
  • Michael Beach
  • Emily Swallow
  • Claudia Domit

Еве еден од претходно објавените трејлери за Secret Level:

Не ни треба долго да чекаме додека готовиот трејлер не биде објавен на интернет – самото шоу ќе биде премиерно прикажано на Prime Video на 10 декември и ветува дека ќе понуди малку нешто на сите, без оглед на видот на игрите во кои уживате.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!