Турнири во Guilty Gear, sNES Dragon Ball Z и Yu-Gi-Oh! на Нихон-џи 2.0

Загрејте ги Џојстиците и Картите

Неформалната организација Japan@mk и оваа година одвојува значително внимание и простор во својата подобрена и побогата програма за гејминг делот кој е особено привлечен за младата публика! Па и за старите фанови да тепачките игри и нормално една од најпопуларните игри со карти – Yu-Gi-Oh!

На второто издание на Нихон-Џи фестивалот на јапонска култура кој ќе се одржи на 27-ми мај во Мала Станица, публиката ќе има можност да учествува на три турнири, и тоа во видео игрите: Guilty Gear и sNES Dragon Ball Z Hyper Dimension, малку ново и малку ептен ретро, како и играта со карти Yu-Gi-Oh! Дополнително, за оние кои не сакаат да учествуваат во ниту еден натпревар, а сепак сакаат да ги испробаат своите вештини во друштвени игри на јапонска тематика, ќе можат да го сторат тоа приклучувајќи се на релаксираното катче за друштвени игри!

Турнирот во Guilty Gear – Strive е во организација на Ѓорѓи Конгуловски од Redfist Dojo, а за загревање на атмосферата задолжени ќе бидат коментаторите Марко Гулевски и Дарко “Pazzie” Никодиновски. Овој возбудлив дел од фестивалската програма е овозможен од МЕСФ!

Македонската Еспорт Федерација е непрофитна организација одговорна за организирање на официјални еспорт натпревари и турнири. Нивната мисија е промовирање на еспортот и гејмингот, за да се зголеми нивото на свесност, да се подобрат стандардите и да инспирира идни таленти. МЕСФ организира национални еспорт лиги и квалификациски турнири за светски и европски шампионати.

sNES турнирот во играта Dragon Ball Hyper Dimension, ќе биде овозможен од Божиновски Часовници и накит, кои на победникот ќе му доделат атрактивна награда! 

Љубителите на играта и анимето Yu-Gi-Oh!, исто како и минатата година, така и оваа ќе имаат можност да си ги „одмерат силите“ за време на турнирот во играта со карти кој ќе го организира Гоблин Друштвени Игри. Гоблин Друштвени Игри исто така застанува и позади катчето со друштвени игри, а координатор на овој дел ќе биде Стефан Велковски.

Учесници на турнирите во Guilty Gear и Yu-Gi-Oh! Ќе бидат оние кои кои се пријавија на претходно објавените јавни повици.

Покрај гејмерскиот сектор, Нихон-џи на својата публика ѝ ветува незаборавно искуство преку изложби, проекции, мода, трибини, поезија, работилници, презентации, боречки вештини и продажен дел.

Фестивалот Нихон-Џи е единствениот од својата природа во земјата, а сите заинтересирани за повеќе информации може да погледнат фотографии, видеа или други информации за сите настани на Јапан@мк на било кој од социјалните медиуми (Instagram, Facebook, Youtube) како и на страната japan.net.mk.

Деталната програма за фестивалот е достапна на нивната офицјална веб страна, како и Фејсбук настанот.

МАРКЕТИНГ

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.