Фестивалот за Јапонска Култура Нихон-Џи – VOL.2 “Неонски Бранови”

Минатата година Скопје и Македонија беа изненадени од тоа каков прекреасен Фестивал беше креиран од страна на Млади ентузијасти кои што се големи љубиели на Јапонија и Јапонската Култура. Јапонската култура е нештото кое го има освоено целиот свет и целата нивна култура е распространета насекаде на секаков начин. Нема некој на светов што немал некаков допир со јапонската култура.

Минатата година на фестивалот сите присутни можеа да се запознаат повеќе со јапонската култура во аспект на литературата, поезијата, кинематографијата, музиката, врвната архитектура, познатите боречки бештини, уникатната технологија, модата, гастрономијата, тоа што најмногу го знаеме – Аниме и Манга, и уште многу други прекрасни работи. Минатата година беше многу општа тематика, имаше од се по нешто за секого, и оваа година ќе биде исто така, само разликата е што оваа година Фестивалот има многу добра тематика … “Неонски Бранови“.

Јапонија е земја на неонот, светлечките реклами, постојаната гужва измешана со звучи од висока технологија. Кога мислиме на Јапонија мислиме на дисциплина и точност, одговорнот и перфекционизам. Се среќаваме со тоалетни школки кои зборуваат, брзи возови кои не доцнат ни секунда, весели квартови со анимирани ликови, дронови кои вршат достави. Но сето тоа е незабележително и природно споено со расцветани дрвја, храмови стари илјадници години, спори и тивки традиционални филозофии и начини на однесувања што исцртува една уникатна слика на една скоро вонземска култура. Тоа е слика која предизвикува восхит и вчудоневиденост помешана со надеж за високоразвиено човештво, кое може да функционира.

Зашто брановите се најприродното нешто, брановите означуваат движење, промена, раширување, пренесување. Светлината се раширува со бранови, звукот се пренесува преку бранови, културата се шири преку бранови. Брановите се она што ги поврзува природата и технологијата, уметноста и човекот. Фестивалот треба да претставува рефлексија на јапонското културно влијание во Mакедонија. Мешавина од традиција и технологија. Прецизност, одговорност и дисциплина во работењето, и прифаќање на новите технолошки текови без предрасуди. Бранот претставува ред во хаосот кој е случаен, но намерен. Овој фестивал е спојување на различностите и спротивностите под една заедничка цел за соработка и солидарност.

Извадок од нивниот сајт за Nihon-Ji Vol. 2 – Japan.net.mk

Ние како GG.MK сме најмногу задоволни и фанови од тоа што на фестивалот ќе има дел кој што ќе е целосно фокусиран на Гејмингот и Друштвените игри! За сега има само дел од најавените игри кои што ќе ги видиме на Фестивалот. Ќе може да се сретнеме со Pokémon Go PvP турнир, од друштвени игри ќе ја имаме фамозната Yu-Gi-Oh! и за луѓето кои што сакаат да се тепаат, виртуелно не во живо, ја имаме Guilty Gear – Strive каде што луѓето сигурно ќе врескаат! За сите игри отворени Forms и можете да се пријавите веднаш.

За фестивалот оваа година да биде многу поголем од тоа што беше лани и да се пласира на многу сериозно ниво, Japan.net.mk решија оваа година да биде “Од Фанови за Фанови” со тоа што секој од вас може да донира финансии за овој фестивал да помине многу сериозно! Сите донации можат да се прават на Ecrowd сајтот -> ДОНИРАЈ

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

KeokeN, девелоперите зад неколку помали игри, објавија дека ги отпуштаат сите вработени во студиото. Одлуката доаѓа по неуспехот да соберат нешто „значајно“ по присуството на Конференцијата за развивачи на игри (GDC) во Сан Франциско.

Во изјавата објавена на Твитер, извршниот директор Коен Дитман и управниот директор Пол Дитман го објаснија изборот да ги отпуштат преостанатите вработени.

Срцето скршено, моравме да го отпуштиме нашиот тим во KeokeN бидејќи ништо суштинско не се материјализираше директно по нашата посета на GDC“, велат тие. „За жал, ги исцрпивме сите наши можни опции за објавување, работа за изнајмување и заеднички развој.”