RimWorld повеќе не е банирана во Австралија

Во Австралија сега може легално да се купува RimWorld како што си беше, при што Австралискиот одбор за класификација го поништи својот првичен рејтинг „Одбиена класификација“ по прегледот на играта и проблемите кои ги имаше она.

RimWorld на Steam во Австралија си седи уште од периодот на Early Access (2013 година), но се верува дека портовите кои што се прават за новите конзоли била причината зошто играта се нашла на сајтот наClassification Board. Играта била тргната бидејќи во неа одржела прашања како што се “прашања во врска со секс, злоупотреба или зависност на одредени дроги, криминал, суровост, насилство, револт и одвратни феномени на таков начин што ги навредуваат стандардите на моралот и др.”

Претходно овој месец беше откриено дека одборот ќе ја разгледува оваа причина зошто играта е тргната и дали навистина треба да е тргната. Ваквите прегледувања порано помогнаа да се отфрлат забраните на играта Disco Elysium. Креаторот на RimWorld, Tynan Sylvester, изјави дека е „оптимист“ за позитивен исход и се чини дека има целосно право да биде така.

RimWorld сега е класифицирана како Rated-R (18+) во Австралија, што е највисоката оцена (рејтинг) што може да се даде. Одборот даде внимание на употребата на дроги во играта со тоа дека имало „големо влијание“, но утврди дека „механиката на играта на крајот обезбедила дестимулации поврзани со однесувањето на конзумирање дрога, до точка каде што редовната употреба на дрога доведува до негативни последици како предозирање , зависност и повлекување“. Доколку сакате да ја прочитате целата изјава на одморот ситснете ТУКА.

“We assembled a lot of useful evidence and had a great legal team to help us. Our community was also amazing and helped us by providing examples of games on Steam that had similar cases to us, like Disco Elysium and Fallout. The review concluded with a happy ending.”

Новата објава на Steam за играта, прочитајте повеќе ТУКА

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Sony ги објави бесплатните игри кои доаѓаат на PS Plus за членовите на Essential во мај 2024 година.

Почнувајќи од 7 мај, членовите на PS Plus Essential ќе добијат бесплатен пристап до EA Sports FC 24 (PS4, PS5), Ghostrunner 2 (PS5), Tunic (PS4, PS5) и Destiny 2: Lightfall (PS4, PS5). Како и сите месечни игри на PS Plus, играчите можат да ги додадат во својата библиотека за да ги побараат во секое време во текот на месецот кога се достапни. Откако ќе се додадат, тие можат да се инсталираат и репродуцираат во секое време се додека имате активно членство.

Destiny 2: Lightfall, Ghostrunner 2 и Tunic ќе бидат достапни за симнување од 7 мај до 3 јуни. EA Sports FC 24, сепак, ќе биде достапна до 17 јуни.

Покрај четирите игри, претплатниците на PS Plus можат да го побараат стартниот пакет на PS Plus Football Ultimate Team. Пакетот вклучува 11 играчи кои не можат да се тргуваат, сите оценети со 82 или погоре, како и избор на играч за заем од ICON за седум натпревари.