Контролер за деца модифициран да работи на PC и специјализиран за Elden Ring

Првата игра на вашето дете да е Elden Ring е интересен избор

Во последно на социјалните мрежи од Америка излегуваат многу интересни видеа како родители на своите мали деца им купуваат Fisher-Price’s “Laugh & Learn Game & Learn Controller.” Со помош на многуте Memes кои излегуваат на интернет, еден генијалец и играч на Elden Ring со помош на модифицирање и одредени модови, го направил контролерот да работи на PC и да може да се игра Elden Ring со него. Како што изјави The Verge. Модераторот на контролорот Rudeism (на Твитер) вчера објави клип на кој тој го користи овој модифициран контролер за да игра Elden Ring и иако само тоа е импресивно има нешто многу појако од тоа! Контролерот/играчката ги прави истите звуци кога ќе стиснете на некое копче! Епа подобро од тоа не може да биде!

Како што можете да видите на видеото погоре, тоа е прилично смешен мод и нешто што не може на секој уште одма да му текне. Што се однесува до тоа колку е всушност забавно да се игра Elden Ring со овој контролер, само Rudeism знае, но нешто ни кажува дека ќе биде малку потешко да се победи големиот Raddan на овој начин!

Замислете Raddan е скоро мртов, му останува сила уште колку да го дувнете, нешто се случува и вие умирате. Во тој момент почнува песна од Fisher-Price која што ве демнее кога умирате. Повеќе контролерот не е смешен нели…

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

About The Author

KeokeN, девелоперите зад неколку помали игри, објавија дека ги отпуштаат сите вработени во студиото. Одлуката доаѓа по неуспехот да соберат нешто „значајно“ по присуството на Конференцијата за развивачи на игри (GDC) во Сан Франциско.

Во изјавата објавена на Твитер, извршниот директор Коен Дитман и управниот директор Пол Дитман го објаснија изборот да ги отпуштат преостанатите вработени.

Срцето скршено, моравме да го отпуштиме нашиот тим во KeokeN бидејќи ништо суштинско не се материјализираше директно по нашата посета на GDC“, велат тие. „За жал, ги исцрпивме сите наши можни опции за објавување, работа за изнајмување и заеднички развој.”