Warcraft Arclight Rumble, новата мобилна игра од Blizzard

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Warcraft Arclight Rumble ги спојува хероите на Azeroth во Tower Defense Strategy Game

Дел од светот на Warcraft ќе премине на нашите мобилни со играта Warcraft Arclight Rumble која што само што беше најавена од страна на Blizzard. Играта ќе биде брза и бесплатна TD Strategy, кој е направена за Android и iOS и треба да ја видиме во текот (пред крајот) на оваа година.

Во Warcraft Arclight Rumble, играчите ќе се борат со колекционерските Warcraft Minis карактерчиња. Мобилната игра сместена во светот на Warcraft ќе има „масовна кампања за секој играч“ исполнета со 70 мисии и главни PvP битки, велат Blizzard. На веб-страницата на играта се ветени повеќе режими, вклучувајќи ги Conquest, Dungeons, Raids и Co-Op.

Играчите ќе ја преземат контролата на мини дизајнирани тејблтоп карактерчиња, вклучувајќи ги и хероите како Jaina Proudmoore и Grommash Hellscream. Blizzard ветува над 65 Warcraft мини ликови од пет места, региони и армии што може да се играат: Alliance, Horde, Beast, Undead и Blackrock. Играчите ќе можат да ги левелираат своите херои и карактери, да отклучат нови и појаки абилитис/напади и ќе можат да учествуваат во неделни и месечни предизвици во Warcraft Arclight Rumble, вели Blizzard.

Заинтересираните играчи можат однапред да се регистрираат за Warcraft Arclight Rumble преку веб-страницата на играта и Battle.net.

Пред објавувањето на Warcraft Arclight Rumble, единственото мобилно присуство за Warcraft, франшиза која што е стара повеќе од 25 години, беше во Hearthstone.Hearthstone беше и се уште е бесплатна игра која што пристигна на iOS во април 2014 година, а за уредите со Android OS на крајот на истата година. Но, Hearthstone е игра со колекција на карти, сосема поинаква од акционото RPG искуство на World of Warcraft или стратегијата во реално време на првите три наслови на Warcraft. Дали ова ќе биде нешто слично како Hearthstone што ќе може целосно да се игра бесплатно но ако се сака ќе можете да купувате многу работи да бидете многу јаки? Сигурно да. Освен ако не одат со тоа дека навистина ќе мора малку повеќе да трошите пари.

Како мобилни игри во световите на Blizzard не смее да се заборави ни Diablo со играта Diablo: Immortal. Но, Diablo и Warcraft не се единствените франшизи на Blizzard што би можеле да добијат некои продолженија на мобилни, односно некои спинофи. Уште во 2018 година, ко-основачот на Blizzard и постар потпретседател Ален Адам го изјави следново:

“We have many of our best developers now working on new mobile titles across all of our IPs. Some of them are with external partners like Diablo Immortal. Many of them are being developed internally only, and we’ll have information to share on those in the future.”

“We have more new products in development today at Blizzard than we’ve ever had in our history, and our future is very bright.”

Blizzard co-founder and senior VP Allen Adham

Оваа година за Blizzard е дефинитивно напорна и премногу полна со најави. Во јануари, компанијата објави „сосема нова Survival Game која ќе доаѓа на PC и конзоли“ која беше проследена со откривање на бета тест за Overwatch 2 во март и нова експанзија за World of Warcraft, Dragonflight, во април.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit
Share on pinterest

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија, кој што е дупка без дно но полна со пари, чија задача е да ја диверзифицира економијата на нацијата, се здоби со 5,01 отсто од акциите во Нинтендо.

Веста беше објавена во поднесување до Министерството за финансии на Јапонија, пишува Bloomberg. Тоа следи по слични инвестиции направени минатата година во Capcom, EA, Take-Two и Activision, заедно со речиси целосна сопственост на SNK.

Bloomberg вели дека ова ќе го направи Фондот за јавни инвестиции „петти по големина акционер на компанијата“. Ако ова е прв пат да наидете на ваков вид пари, знајте дека PIF е многу лошо нешто, како и човекот што го води, саудискиот престолонаследник Mohammed bin Salman.

Saudi Arabia spent the last year throwing money around the video game industry, with strategic investments in companies like Activision Blizzard, Electronic Arts, Take-Two Interactive, Capcom, and Nexon. Like many of Mohammed bin Salman’s dealings, these purchases fall within the Saudi Vision 2030 strategy established during his mid-decade rise to power, which on paper is meant to diversify the kingdom’s oil-centric economy.

In reality, however, Saudi Vision 2030 is largely a propaganda campaign focused on whitewashing Saudi Arabia’s atrocious human rights record. The regressive monarchy seemingly hopes that aligning itself with entertainment industries around the world might loosen the purse strings of businesses wary of investing in the oil-rich country’s economy, especially with the murder of journalist Jamal Khashoggi and the ongoing, U.S.-backed Yemeni genocide still looming overhead.

Видео игрите не се единствената индустрија за забава на страниците на PIF. Холивуд не е непознат за саудиските пари во последниве години, а спортските тимови и натпревари исто така беа главен приоритет за престолонаследникот. Купувањето со големи пари на премиерлигашот Њукасл минатата година помина и покрај големите протести поради состојбата со човековите права во државата, додека парите од ПИФ исто така се потрошени на сè, од коњски трки до Формула 1.