Новиот PlayStation 5 Pro контролер од Razer со бизарна цена

Гејмерите и корисниците кои имаат PlayStation 5 наскоро ќе имаат нова алтернатива на DualSense контролер, сега кога Razer го откри својот најнов контролер: Razer Wolverine V2 Pro. Контролерот е лиценциран од PlayStation и е наменет да се користи нормално на PlayStation 5, но ќе может да го користите и на PC. Контролерот може да се пофали со неколку карактеристики и потенцијал за прилагодување што на прв поглед го прави контролерот да биде достоен конкурент за сите Pro контролери за PlayStation 5.

Со контролерот се влучени Thumbsticks што може да се заменуваат врз основа на луѓе кои сакаат да користат повисоки или пониски. Дополнително има Thumbsticks кои што се повеќе испакнати или влабднати, карактеристика што стана стандардизирана кога станува збор за овие видови контролери. Razer Wolverine V2 Pro исто така располага со активирања на тригерите кои што им даваат на корисниците да го намалата растојанието на патување секогаш кога играте нешто како FPS или друга игра што бара брзи дејства.

Има и дополнителни копчиња, но можеби малку повеќе отколку што очекуваат сопствениците на PS5. На задната страна на контролерот има два тригери сегментирани во две копчиња на секој тригер како што е илустрирано во видеото на контролерот. Секое од тие четири копчиња може да се конфигурира на различни опции, но има и две дополнителни копчиња од страните на контролеот. Тие се наоѓаат покрај LB и RB, што значи дека ќе треба да ги достигнете за да ги притиснете двете дополнителни копчиња. Доколку некој ги користи и тие можеби навистина ќе ви помогнат, но шансите никогаш да не ги користите се високи.

Околу целиот контролер има Razer Chroma RGB светла кои можат да се конфигурираат преку апликацијата на Razer, велат од компанијата. Тоа е истата апликација каде што ќе ја променита целата конфигурација на секое копче. Нормално не може да се Razer продукт а да нема Chroma RGB.

Едно нешто што контролорот не вклучува е функцијата за вибрации. Објаснувајќи го неговото отсуство, Razer изјави дека ова е наменето да биде конкурентен контролер, а вибрациите „не се карактеристика што вообичаено се користи во конкурентни поставки бидејќи може негативно да влијае на прецизноста при играње игри за кои е потребно попрецизно насочено внесување“.

Како што е случај со кој било од овие премиум контролери, Razer Wolverine V2 Pro не е евтин контролер и не е за секој… Контролерот ќе чини $249.99 и може да се направи Pre-Order на страницата на Razer, каде што се вели дека испораката ќе започне на 31 декември.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Sony ги објави бесплатните игри кои доаѓаат на PS Plus за членовите на Essential во мај 2024 година.

Почнувајќи од 7 мај, членовите на PS Plus Essential ќе добијат бесплатен пристап до EA Sports FC 24 (PS4, PS5), Ghostrunner 2 (PS5), Tunic (PS4, PS5) и Destiny 2: Lightfall (PS4, PS5). Како и сите месечни игри на PS Plus, играчите можат да ги додадат во својата библиотека за да ги побараат во секое време во текот на месецот кога се достапни. Откако ќе се додадат, тие можат да се инсталираат и репродуцираат во секое време се додека имате активно членство.

Destiny 2: Lightfall, Ghostrunner 2 и Tunic ќе бидат достапни за симнување од 7 мај до 3 јуни. EA Sports FC 24, сепак, ќе биде достапна до 17 јуни.

Покрај четирите игри, претплатниците на PS Plus можат да го побараат стартниот пакет на PS Plus Football Ultimate Team. Пакетот вклучува 11 играчи кои не можат да се тргуваат, сите оценети со 82 или погоре, како и избор на играч за заем од ICON за седум натпревари.