Мартин “Сакса” Саздов од Свети Николе стана светски шампион во Dota 2

Dota 2 тимот Tundra Esports каде што игра и нашиот Мартин ‘Сакса’ Саздов го освои The International 11 – Dota 2 откако во финалето ги победија Team Secret со резултат од 3-0. Победата на овој турнир му ја доделува на тимот титулата Најдобариот Dota 2 тим во светот и огромна награда за прво место од околу 8.000.000 милиони долари!

Тимот Tundra Esports остана непоразен во текот на целата фаза од натпреварувањето, губејќи само четири мапи во групната фаза и само една на главната фаза. Иако во последниве години повеќе гледаме како аутсајдери и андердогс го освојуваат The International, оваа година беше случај кога најдобриот тим ја исполни својата судбина на импресивен начин. Tundra Esports беа тимот кој беше подржан од илјадници Dota фанови ширум светот! Нормално огромен број фанови беа директно од Македонија само заради нашиот Мартин ‘Сакса’ Саздов.

Откако го победија Team Secret со 2-1 во финалето на Upper Bracket, многумина очекуваа Tundra да ја продолжи својата доминација во финалето и тоа секако го направија. Во првиот натпревар, Tundra му дозволи на Team Secret да го добие Leshrac, херој со кој беа доминантни во текот на целиот турнир, мислејќи дека имаат контра. Додека некои аналитичари ја доведуваа во прашање одлуката, таа се покажа како правилна, бидејќи Tundra лесно ја однесе победата за да го започне големото финале.

Мартин Саздов – Сакса

Вториот натпреавар беше иста приказна, Secret повторно го зеде Leshrac и повторно Tundra ги победија! Secret имаа подобар почеток во вториот натпревар, што ги направи малку поблиску до победа, но со тоа што Tundra ги Visage, Arc Warden и Chaos Knight, хаотичните борби секогаш го фаворизираа тимот на Tundra и тие продолжија со резултат од 2-0. Кој потоа доведе до уште една победа за освојување на The International 11.

За Team Secret ова е уште една година кога тие беа неверојатно блиску до освојување на TI, откако беа четврти во 2019 и трети во 2021 година. До турнирот преку квалификациите за последна шанса по тешката година за тимот. Тие носат дома најмалку 2.451.843 долари.

Tundra Esports

Но најбитната работа од целиот турнир е дека тимот Tundra Esports каде што игра нашата гордост Мартин ‘Сакса’ Саздов победи во финалето и станаа светски шампино! Или подобро е да се каже дека Мартин Саздов, детето кое што пред неколку години дома немаше добар интернет и компјутер да игра Dota 2 сега е во листата на шампионите! Пред неколку години со тимот на “DC” исто така успеа да стигне до финалето, но за жал изгубија и го освоија второто место. Но оваа година Мартин ‘Сакса’ Саздов го најде вистинскиот тим со кој што го освоија шампинот и прекрасниот пехар!

МАРКЕТИНГ

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.