WARHAMMER 40.000 – Втор Дел: За Креативниот Дел од Хобито

Miniatures Wargaming игрите секогаш имаат два аспекти. Првиот е креативниот аспект, односно креирање на самата армија со која се игра, како и теренот. Вториот аспект, секако е самото играње. Се игра по точно одредени правила кои се напишани во таканаречени Basic Rule Books. Warhammer 40000 не е исклучок од ова, напротив цврсто се потпира и на двата аспекти подеднакво.

Моделите за играње се продаваат несклопени и необоени. Во минатото кога жанрот бил во задориш моделите се изработувале од бел метал, легура од олово и калај, и во најголем број од случаите биле едноделни, немало потреба од склопување. Со текот на времето белиот метал бил заменет со резин и пластика, иако сѐ уште може да се најдат модели изработени од бел метал, многу се ретки, но ги има. Во последниве пет до шест години Games Workshop потполно ги исфрлија металот и резинот и се фокусираат исклучиво на производство на пластични модели.

Стар метален модел на Inquisitor in Terminator Armor.

Пластичните модели доаѓаат во таканаречени sprues. Потребно е деловите да се извадат од рамките, најчесто со мала клешта за сечење од алат за електроника. Во поголемиот дел од случаите потребен е лепак за да се склопат моделите, најчесто се користи најобичен супер лепак, или може да се користи специјализиран лепак за пластика, кој има голема предност затоа што пред се не се лепи за прстите и многу појако ги лепи пластичните делови едни за други, со супер лепак врската не е толку јака. И едниот и другиот метод си имаат свои маани и доблести, јас лично преферирам да користам супер лепак затоа што ми овозможува да ги расклопам моделите полесно ако сакам да ги модификувам, со пластичен лепак тоа е многу тешко. Од неодамна Games Workshop почнаа да произведуваат и таканаречени Easy To Build поакети кои имаат модели за кои не е потребен лепак, секој дел од моделот си има жлебови кои совршено се вклопуваат па нема потреба од лепење на деловите. И ова е меч со две оштрици, од една страна е полесно за склопување и затоа овие пакети се наменети за почетници, но од друга страна моделите се во фиксни предодредени пози и нема многу простор за модификација. Да бидам искрен, не прави многу голема разлика затоа што и овие модели дури и со нивните фиксни пози изгледаат преубаво и епски!

Easy To Build Death Guard Plague Marine Champion.

За боја најчесто се користат акрилни бои на база на вода кои се наменети токму за боење на модели, со специфична густина и конзистенција на пигментот. Може да се користат и специјализирани мастила кај кои конзистенцијата на пигментот е многу јака, па не се препорачуваат за почетници. Производители има многу, Citadel Paints на Games Workshop се најчесто употребуваните, меѓутоа има и други одлични производители на бои за модели како Vallejo, The Army Painter, Privateer Press – P3 Formula, Creature Caster, Green Stuff World, Scale 75 и многу други. Боењето се врши со четка, а потребно е и вода за разредување на бојата. Многу често за да се убрза процесот се користи и спреј, како и Airbrush.

Дел од асортиманот на Citadel боите, произведени од Games Workshop.

Што се однесува до самиот терен за играње, тој може да биде изработен од многу материјали. One man’s trash is another wargamer’s terrain material! Многу производители продаваат готови терени, спремни за играње веднаш без потреба од дополнително склопување и боење. Но исто така многу производители произведуваат терени кои се како самите модели, несклопени и необоени. Меѓутоа многу wargamers сами си го креираат теренот од најразлични материјали како стиропор, стиродур, картон, разни дрвени плочи, празни конзерви од храна и многу други материјали кои навидум треба да се фрлат во ѓубре.

Фотографија од минатиот Понеделник. Моите Dark Angels од лево, и Death Guard на другар ми Стеф од десно. Теренот е изработен од картон, стиродур, forex, камчиња, остатоци од sprues и бакарна жица. Полето на кое играме е мушама на која е испринтана текстура што јас ја креирав во Photoshop.

Една работа на која сакам да обрнам внимание се таканаречените Conversions, ова е мојот омилен дел од ова хоби. Conversions или како што уште се нарекуваат и Kitbashings, се модели кои се сочинети од делови кои припаѓаат на други модели. Тука максимално доаѓа до израз креативноста. На пример сакате да имате Space Marines Captain, меѓутоа моделот кој се продава од страна на Games Workshop не ви се допаѓа поради една или друга причина. Штом е така земете делови од различни други Space Marines и создадете ваш уникатен Space Marine Captain. Ова најчесто играчите го прават за хероите и лидерите на нивните армии со што даваат посебен персонализиран изглед на армијата. Доколку сакате да играте на некој од официјалните турнири организирани од Games Workshop сите conversion модели мора да ви се изработени од делови кои се произведени исклучиво од самите Games Workshop.

Мој kitbash модел, Dark Angels Interrogator-Chaplain, изработен со комбинирање на делови од седум други различни модели.

И покрај тоа што овој текст го напишав во однос на Warhammer 40000 во суштина важи за сите игри на Games Workshop, а и за повеќето wargames од други производители, па така кога ќе зборувам за Warhammer Age of Sigmar нема да се осврнам на овој дел и од таа игра.

Наредно ќе зборувам за правилата на Warhammer 40000, тој текст ќе биде далеку подолг од овој, а до тогаш ви благодарам за вашето читање. Have a great day!

МАРКЕТИНГ

About The Author

Според новиот извештај од аналитичарот на Apple, Минг-Чи Куо (забележан преку IGN), компанијата наводно ги прекинува испораките на Apple Vision Pro во 2024 година.

Овој потег, наводно, ќе ги намали испораките на околу 450 илјади уреди, наспроти проектираните 800 илјади што ги очекуваа пазарните аналитичари.

Apple само што го лансираше уредот во февруари, и брзо акумулираше со мешани критики. Уредот вклучуваа над 200 наслови од Apple Arcade, како и поддршка за контролери. Сепак, уредот јасно даде приоритет на пробивање на нови терени во компјутерскиот простор наместо игри.

Скапичок уред…

Извршниот директор на компанијата, Тим Кук, изјави дека уредот ќе воведе нова ера на „Spatial Computing“. Но, пониските пратки подразбираат малку помал оптимизам.

Сепак, извештајот во март сугерираше дека Sony на сличен начин го паузира производството на уредот PSVR2 поради намалената продажба. Извештајот од Yijia Zhai објасни дека „високата цена на VR хардверот делува како главна пречка за неговото проширување“.

Уредот беше лансиран со висока цена од 3.499 долари… Ова е сосема поинаков простор во споредба со традиционалните слушалки за игри. Значи, ако компанијата навистина ги намали испораките, тоа можеби не мора да биде затоа што самите карактеристики се слаби.

Што понатаму?

Минатиот февруари, клучниот Xbox Podcast ги ажурираше фановите за плановите на Мајкрософт за идниот хардвер. Претседателката на Xbox Сара Бонд изјави дека „има некои возбудливи работи кои излегуваат во хардверот што ќе ги споделиме наскоро“.

Немаше спомнување за Xbox VR уред, иако можеби сè уште не е на одмет. Неодамнешните тврдења сугерираат дека Xbox прави прототип на мајчин рачен уред Xbox.

Apple Vision Pro