Научник ги истренирал своите глувчиња да играат DOOM

Има нов Doomslayer во градот кој што е многу повеќе од обичниот човек, во буквална смисла. Невролог од Будимпешта, ги тренирал своите три миленичиња стаорци да играат Doom 64, докажувајќи колку овие мали животни можат да бидат интелигентни – и смртоносни.

Според The Daily Mail, научникот Viktor Toth го започнал процесот со конструирање на сопствена VR систем за трите глувчиња, соодветно именувани Carmack, Romero и Tom. Може да заклучите зошто тие се имињата на глувчињата – Оригиналните креатори на DOOM. Тот го направил ова со ставање на стаорците на подвижна топка пред екранот на неговиот компјутер, дозволувајќи им да играат Doom во прво лице. Нивното тренирање било многу сериозно и уникатно. Започнало со тоа што се движеле низ прави коридори кои што немале многу детали. Како што поминувало времето стазите станувале повеќе комплексни со повеќе детали. И на крај се доставило коридори кои што биле само слепи (не воделе никаде) и чудни коридори кои што немале никаква смисла за да се иде по нив за минување на приказната во играта.

“Rats can be taught very complex tasks and I wanted to teach them to move in the right direction of the game without me interfering.”

Viktor Toth

Кога стаорците успешно се движеле низ лавиринтите, Тот ги наградил со слатка вода. Ако се чинеше дека стаорците се под стрес, Тот вели дека брзо ги симнал од топката и наместо тоа си играл со нив.

Откако Кармак, Ромеро и Том биле навикнати да се движат во играта, Тот им ја претставил познатата пушка на Doom. Првично планирал да ги научи стаорците да гризат цевка за да пукаат, но тој открил дека учењето да прават движења “Rearing Motion” било поефективно. Откако убиле демон, Тот потоа ги наградил стаорците со грозје, банани и други слатки задоволства, поттикнувајќи ги суштествата да ги ловат и убиваат чудовиштата.

Во овој момент, трите стаорци имаат општо разбирање за тоа како да играат Doom и соодветно реагираат на новите пречки и промените во животната средина. Иако ова може да звучи како многу работа за глувчињата, Тот вели дека верува дека малите момци уживаат во процесот. Според Тот, глувчињата се „многу љубопитни суштества и сакаат да откријат што се случува“.

“If a task is complicated enough. The rats start to enjoy it–at least that’s my own hypothesis.”

Viktor Toth

Според Тот, следниот чекор во процесот е да ги научи глувчињата како да го менуваат оружјето и „зошто би им требало за различни ситуации“. Сепак, тој вели дека моментално не е сигурен дали воведувањето на тие механики ќе ги совладаат. Бидете сигурни дека нема да се соочите со тројцата глувчиња во Fortnite во скоро време, но кој знае што носи иднината…

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

About The Author

KeokeN, девелоперите зад неколку помали игри, објавија дека ги отпуштаат сите вработени во студиото. Одлуката доаѓа по неуспехот да соберат нешто „значајно“ по присуството на Конференцијата за развивачи на игри (GDC) во Сан Франциско.

Во изјавата објавена на Твитер, извршниот директор Коен Дитман и управниот директор Пол Дитман го објаснија изборот да ги отпуштат преостанатите вработени.

Срцето скршено, моравме да го отпуштиме нашиот тим во KeokeN бидејќи ништо суштинско не се материјализираше директно по нашата посета на GDC“, велат тие. „За жал, ги исцрпивме сите наши можни опции за објавување, работа за изнајмување и заеднички развој.”