Колку е убав фактот кога почнува нова година, ние гејмерите сме со наполнети батерии и спремни да влеземе во нови светови од видео игрите. Јас лично обожавам кога се случуваат такви работи бидејќи знам дека целата година ќе биде фантастична и преполна со игри. Мене годината ми почна со неколку игри, но нешто што е целосно ново и што ми остави прекрасен впечаток беше една игра која што доаѓа од нашиот северен сосед, Србија. Играта се вика “The Cub“.
Играта е една прекрасна бајка во буквална смисла на зборот која што го следи животот на едно дете, кое живее на една пост-апокалиптична Земја. Приказната е нешто што доста пати сме го виделе… Луѓето се морони, прават масивни грешки во иднината, и секогаш богатите кои што ги прават грешките се качуваат во ракети и одат на Марс да го колонизираат. Нормално само богатите, бидејќи нема место за обичните смртници… Сите други што се останати на Земјата, едноставно пробуваат да преживеат, но големиот број останти се деца кои што се пораснати од волци во дивината… Многу слична приказната на тоа како настанал Рим со браќата Ромул и Рем.
Светот е многу убаво направен бидејќи е инспирација од сегашен Белград но во модерно време. Преполн со многу референзи и истер егс кој што ќе бидат разбрани само од нас што сме Балканци… Било кој друг што ќе ја игра играва, референците нема да ги сфатат, ама нешто кога е наше Балканско па е и најслатко. И низ овој свет целата игра е водена од еден наратор кој што убаво ти раскажува и што се случувало порано, што се случува сега и многу други работи.
Пост апокалиптичен балкан
Светот целосно оди надоле и надоле бидејќи сепак децата не растат со родители, растат со волци… Добиваат животински инстинкти кои што им даваат многу повеќе сила. Сите деца таму имаат многу сила за Паркур, брзо трчање, скокање, едноставно движење низ постапокалиптичен свет без никаков страв од што би можело да се случи. И нормално бидејќи се игра со дете, играта не дава опција за користење оружја или некои големи борби. Затоа и контролите се многу едноставни и имате опција само за движење бидејќи и тоа ви е потребно само. Движење, Скок, Деш и Ползење… Не ти треба друго, бидејќи ако си дете нема да отидеш да се бориш против ‘бившите земјаши, модерните марсовци’.
Целиот гејмплеј многу потсеќа на познатите ретро наслови на SEGA како што се например Aladdin, The Jungle Book, The Lion King, но со еден фантастичен модерен шмек. Паркурот е тоа што ја движи и продава оваа игра, како и во тогашно време, тоа беше работата што ги продаваше тие игри. Иако се работи за помал тим, играта и движењата се исполирани на сериозни нива за да не се осети дека дека движењето е тешко. Јас додека ја играв наидов на одредени мини багови при движењето, но не беа ниту малку гејмбрејкинг, и со еден пач ќе бидат поправени сигурно.
Паркурот е ставен во оваа игра бидејќи светот е преполн со непријатели, стапици, дупки без дно, шилци, струи и многу повеќе работи кои што инстант ве убиваат. Светот е направен до степен никогаш да не ви здосади тоа што го гледате бидејќи не е преполн со сите работи кои што би ги гледале насекаде цело време. Целиот свет е поделен на делови и региони кои што не се долги за играње, туку се умерено направени за да ви здосади на начин да се заглавите со саати и да го гледате истото одново и одново. Во еден дел од играта ќе видите повеќе шилци, на друг дел ќе видите повеќе растенија или камења кои што можат да ве убијат со струја, но никогаш нема да го видите нештото повторно и повторно.
И нешто што премногу ми се допадна во играта беше начинот на кој што е ставена музиката. Не е нешто онака обично ставено, да не знаеме зошто и како, во играта има радио! Целата музика доаѓа од радио станица, која што дава посебен шмек бидејќи дополнително музиката во текот на целата игра е предобра и забавна за слушање. Не е некоја музика која што доаѓа од позадина, туку е уникатно нешто кое што се емитува преку радио! Е тоа се вика уникатност!
Нрдгазам за Колекционери
Иако се работиза помала и кратка игра, сепак има милијарда работи што можете да ги најдете и да ги соберете! Нормално доколку тоа ви е јако. Во играта можете да наоѓате Весници, кои што се најуникатните бидејќи ви ја раскажуваат приказната што се случило и зошто сите избегале накај Марс. При собирање на весниците можете да дознаете кој го започнал овој хорор, кои се богаташите што први летнале накај Марс, кои се роботите што се отавени на земјата и многу други. Нормално се работи за стари весници од минатото, но убаво раскажува приказна. Дополнителни работи што се уникатни се “телевизори”! Можете да најдете телевизори во играта каде што ако ги пуштите ќе ви откријат некоја уникатна сцена од филм или серија… Прв телевизор што ќе го најдете во играта, ќе имате сцена од КАСАНДРА! ЕПА НЕ МОЖЕ ПОДОБРО!
Дополнителни работи кои што можете да ги најдете се Мечиња за Деца, Богатсво, Книги и многу други работи. Сите работи се уникатни. Нема да најдете иста книга, нема да најдете исто богатсво, исто мече, се е уникатно. Доколку сте фанатик за колекции, или можеби сте ловци на трофеи, можете да и влезете на играта и да истражите се што треба на сериозно ниво.
Графиката е уникатен Цртан Филм
Сите сме растени на оние стари уникатни цртани филмови кои што и денес да ги гледаме се интересни и јас лично можеби би ги труел и моите деца во идина со тие работи. Зборам за цртаните како Були, Кире Бананамен, Марко и Шарко (секогаш со наш превод се најдобри), и тие работи се некоја голема инспирација за оваа игра. Целиот арт-стил е инспиран од нешто такво, тој што им е Арт Директор си направил некоја најубава носталгија за да направи игра со тој стил.
Голема инспирација на овие луѓе очигледно им е фамозната Ori and the Blind Forest и научиле дека не е толку битно тоа што е пред вас, туку и позадинските работи кои што се случуваат во позадина се многу уникатни. Затоа сите позадински работи како згради, пејзажи, полиња и се останато се ремек дело нацртани! Во позадината се најголемите истер-егс кои што се Нај Балкан Фора некогаш направена!
Завршни Зборови
The Cub е мала и кратка игра која што нема да ви го промени животот, но ќе ви направи една кратка и убава забава. Нешто што треба да се подржи локално бидејќи е правено од помал тим кој што има многу цели во иднина! А нормално тие цели се голем број на игри! Играта може да се најде на сите платформи, цената е смешно ниска, и затоа треба да се проба од буквално сите.