Компанијата Focus Entertainment ќе има промена на името

Focus Entertainment, издавачот зад игрите како што се A Plague Tale: Requiem и Warhammer 40.000: Space Marine 2, објави дека повторно ќе го менуваат името на компанијата.

Од 1 април 2024 година, Focus Entertainment ќе биде ребрендиран како PulluP Entertainment.

Преименувањето доаѓа заедно со назначувањето на Џефрој Сардин за нов заменик главен извршен директор на комапнијата, како и нова реорганизација на напорите на компанијата.

Изјава од Focus Entertainment за медиумите:

„По ова назначување, одборот на директори, кој се состана денеска, одлучи да се променат некои работи во Групацијата за да означи нова трансформативна фаза во нејзиниот развој околу три комплементарни активности:

Прво, промена на името на копманијата Entertainment Publishing на 1 април 2024 година, која ќе биде предводена од Џон Берт, заменик-управен директор.

Поделба посветена на објавување на независни игри и ретрогејминг, која ја сочинуваат Dotemu, The Arcade Crew со која ќе раководи Сирил Имберт, извршен директор на Dotemu и заменик-управен директор.

Одделот „Studios“, кој ги вклучува седумте креативни студија (Deck13, Streumon, Twelve Tenths, Leikir Studio, Blackmill, Dovetail и Carpool Studio)

Предмет на одобрување од акционерите, кои ќе бидат свикани на комбинирано генерално собрание на 28 февруари за да гласаат за промена на името на компанијата на Focus Entertainment, Фабрис Лару со задоволство објави дека овие три поделби ќе бидат обединети под нов чадор бренд од 1 април. 2024: PulluP Entertainment“.

Промената на името е втор пат кога компанијата претрпе промена.

Од своето создавање во 1996 година до 2021 година, тој беше познат како Focus Home Interactive.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Штотуку беше потврдено кој ќе го игра најголемиот дел од групата пријатели на Аби во The Last of Us за втората сезона која треба да ја видиме во 2025 година. Во моментов, снимањето за сезоната е започнато и најголемите улоги кои се снимаат моментално се со Педро Паскал и Бела Ремзи. Последни информации што знаеме за сниањето е дека се одвива во Канада. Денес, ликовите на Мани, Мел, Овен и Нора беа потврдени дека се избрани.

Ако сте ја играле The Last of Us Part II, ќе знаете точно кои се Нора, Мани, Овен и Мел. Тие играат прилично важни споредни улоги во играта од 2020 година, иако нивното место во втората сезона од серијата допрва треба да се преполни.

Еве го неодамна откриениот кастинг:

  • Manny – Danny Ramirez (Top Gun: Maverick)
  • Mel – Ariela Barer (Marvel’s Runaways)
  • Nora – Tati Gabrielle (Uncharted)
  • Owen – Spencer Lord (Riverdale)