Loot River – Dark Souls и Tetris направиле детенце

Кога игрите ве казнуваат, речиси секогаш има причина за нивното казнување. Сите знаеме најчесто кои се тие игри, големите Souls игри. Сепак овие игри се прават на начин што ги учите нападите на непријателите, учите каде треба да одите и што да правите, се билдате да сте појаки и на крај се враќате да згазите се пред себе. Едноставно тие игри ве наградуваат со тоа што се подобрувате. И Loot River на прво гледање изгледа исто таква игра, но по првото играње сфаќате дека играта некако не сака да ве наградува… До одреден степен…

Loot River се одвива во еден прекрасен мрачен амбиент, каде што сте вовлечени во вечен циклус на живот и смрт. Луѓето постепено полудуваат и стануваат чудовишта. Тоа е позната приказна која никогаш не ви дава никакво изложување. Како и насловите на FromSoft, голем дел од приказната се наоѓа во белешки расфрлани низ светот и повремени ликови што може да ги сретнете. За некои луѓе тоа е многу добро искуство, за мене искрено тоа е малку досадно бидејќи да сфатам што се случува треба да влезам во некое темно ќоше, а не знам дали таму ќе ме очекува најголемиот Lore или нешто сосема небитно од приказната. Пикеслизираниот стил е лудории, а процедурално генерираниот свет го прави целото место на моменти да ви е мерак да умрете, иако така ја правите најголемата грешка, но да истражите некои работи како подобро би можеле да ги направите, и нешто ново да истражите.

ТЕШКА НО ЧИСТА ROGUELIKE ИГРА

Како и сите други Roguelike, дури и во Loot River ги има типичните елементи на жанрот, како што се Permadeath, тешко учење на играта, а исто така и процедурални поставки. По секое заминување (од почетоното место), јасно е дека ќе треба да започнете од нула и ако одлучите да не ги потрошите ресурсите акумулирани во бегството кое што сте го поминале, тие ќе бидат изгубени. Во секој случај, патувањата ќе започнат во Sanctuary, главниот центар на играта, кој освен што дава пристап до нивоата ќе ви овозможи да купите оружје и да го надградите карактерот. Овде ќе се запознаете со Iphis, жената која што ќе ви додели “бесмртност”, но и задача: да најдете начин да уништите една античка клетва. Од Sanctuary можете да се префрлите на првото место на играта, потопено село каде што можете да ги научите зачетоците на борбата, благодарение на присуството на различни непријатели со однапред воспоставени способности.

За време на авантурата во светот ќе се сретнете со неизбежните сандаци кои ќе ви дадат награди како оружје, пари, прстени или модификатори. Наведените прстени нудат бројни бонуси на играчот од можноста за ослободување на громови по серија удари, до воскреснување по смртта и повеќе, и огромен број на други надоградувања кои што се сретнуваат во сите Roguelike игри, не е ништо ново ни посебно. И нормално низ светот нема да наоѓате само ајтеми, оружја или богатства, туку ќе најдете и одредени NPC’s кои што ќе се вратат во почетната зона и ќе станат некои што ќе ви продаваат одредени работи. Уште еден класичен Roguelike елемент што го има во сите игри.

Надминувањето на данџените сигурно ќе ве олабави малку бидејќи сте завршиле една голема тешкотија и сте среќни после тоа. Четири мизерни шишенца кои што ви ја враќааат силата нема да ви помогнат, ова не е Elden Ring да соберете околу 10 и да мислите дека ви се доволно. Тука ќе дојде клучниот систем на Loot River “инвестирање на шишенцата”. Во играта има лик кој се вика Soap – кој на влезот од секое ниво ќе бара од нас да ги вложите вашите напивки/шишенца, врз основа на тоа колку ќе му доверите на Soup и колку ќе му “инвестирате” следниот пат ќе добиете дупло од тоа што сте инвестирале. Тука доѓа големата дилема во самата игра: да ќе му ги доверите на Soap напивките и да имате долгорочна предност или да ги чувате за кога ќе е потребно? Во суштина, зборуваме за облог за кој ќе треба малку стратегија и пред се способност да се процени вистинската закана претставена од конкретни непријатели. Во секој класичен Roguelike знаете дека на почетокот напивките ќе ви бидат многу потребни, но после ќе најдете некој Item кој што ќе може лесно да ви ја враќа силата. Многу големо обложување ќе треба да правите на самите почетоци.

ТЕТРИС ДВИЖЕЊА И ТЕПАЧКИ

Она што е предобро смислено е начинот на кој се движите низ целата игра. Девелоперите решиле да не ви го остават целиот свет и вие да си можете да си шетате насекаде, туку ви понудиле платформи во вид на тетрис коцки и со нив да можете да се движите. Целиот свет, односно платформите се на вода и доколку имате простор да поминете со платформата ќе поминете, доколку не ќе си најдете некој друг начин. Од почеток до крај е еден прекрасен “платформерски пазлер”. Со поместување на теренот под вас, редовно се појавуваат многу можности да избегнете опасност, да напредувате низ тесни точки или да стигнете до некое богатство. Можете исто така да го искористите ова во ваша корист во борба. Приближете се до непријателот, нападнете го, а потоа оддалечете се. Начинот на борба за помош на платформите е направен до перфекција. Доволно сте брзи за да направите прекреасни работи и начини како да ги победите непријателите. Можеби некогаш ќе ве начека поголема група на непријатели и ќе направите интересна финта на една платформа да земете неколку непријатели, или по еден и со таа платформа да им избегате на другите додека тие ги тепате. Буквално можете да правите “тетриси” на каков начин сакате вие. Интересно е што скоро никогаш нема да се тепате како другите, секогаш ќе најдете некако посебен начин да ги тепате непријателите. Понекогаш, постојат чудовишта кои можат да ги замрзнат платформите и единствениот начин да ги братите платформите во функција е да ги убиете непријателите кои што ви ги замрзнуваат платформите. Е ова непријатели тотално ви ја фрлаат во вода можноста што ви ја кажавме погоре да си бегате со помош на платформите. Девелоперите размислиле и на ова да можат некако да ве збунат и да не ви дозволат секогаш да сте “брзи и бесни”.

Има огромен број на различни суштества во морничавиот свет на Loot River од самиот почеток до крајот. Секој од нив има специфичен начин на борба, некои напаѓаат од многу блиску со помош на нивните канџи, мечови или чекани, или од далечина со разни магии и бомби. Пајаци, лилјаци, деформирани суштества и други животни ќе ве измачуваат додека патувате низ Loot River, а ако не сте подготвени, смртта сигурно ќе ве најде. Односно ве чека со снајпер за да ве запука во секоја секунда. Нешто што е многу интересно е што Parry системот работи фантастично. Ако сте се мачеле во другите Souls игри да направите Parry овде ич да не се грижите, ќе ви е мерак кога ќе го правите тоа.. Во зависност со одредени оружја и опрема, исто така, можете да бидете наградени за тоа што ќе правите Parry цело време. Таквите моменти доста ве наградуваат.

ИГРАТА НЕКАКО НЕ Е ДОВРШЕНА

Жално е што Loot River се осеќа како производ од Early Access во сегашната состојба. Недостигот на содржина и целосно незавршеното, незадоволувачко чувство за борбата, движењето и откривањето на ставките го прави овој наслов малку тешко да се препорача на секој. Иако до сега зборевме како многу работи се добри, сепак не се најдобри. Има доста недостатоци. Најдобрите Action Roguelikes бараат цврсти основи за да застанат сами на нозе, а неколку грешки кои ја кршат играта во комбинација со ограничената опрема (Items) и чудни дескрипции на нив се причина за загриженост за оваа игра. Босовите во играта се движат од лесно победливи до некои што можат да ви направат инстант-убиство на вас, и тоа доведува до степен вие да сте направиле нешто многу добро и да дојде некој да ви залепи шамар и се да ви пропадне во вода. Loot River е фрустрирачко искуство на кое очигледно му треба повеќе време за развој, но се надеваме дека играта ќе ја најде својата основа по лансирањето.

УМТЕНОСТА И ЗАДОВОЛСТВОТО Е ВО ДЕТАЛИТЕ

На визуелен план, мрачните поставки кои ја формираат позадината на авантурата се прекрасно изработени, со пикселна уметност курирана до секој детал. На пример, водата е прекрасно претставена со секое бранче, па дури и мрачните фантастични сценарија и непријателите инспирирани од чудовиштата на Lovecraft успеаа да го наполнат екранот како што треба. Но сепак графиките не се единствениот прекрасен детал, тука доаѓа и фантастичниот саундтрак, кој ќе може совршено да го нагласи секој момент од искуството, од електронските звуци на судирите со босовите, до сите врвни мелодии кои што може да ги чуете додека ја истражувате целата мапа. Еден од најдобрите саундтраци во игрите можете да го најдете овде, и за малечка игра како што е оваа ова е перфектно.

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ

Loot River е не доволно комплетна, тешка и скоро добро спакувана игра. Уникатна механика на платформите во стилот на тетрис, кој добро се спојува со светот на играта создаден од момците на Straka Studio. Генерално, играта е повеќе солидна, забавна, предизвикувачка и ќе ве држи приврзани долго време. Се до степенот да сфатите дека некои работи не се толку битни и сметате дека треба да и ставите крај. Но доколку сакате да идете до последен степен значи не ве погодиле некои од лошите елементи.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Во краткото ажурирање објавено на Твитер, претседателот на Нинтендо, Шунтаро Фурукава, истакна дека компанијата ќе го открие наследникот на Nintendo Switch во текот на оваа фискална година. Беше забележано дека ова откритие ќе дојде повеќе од девет години по објавувањето на конзолата во 2015 година.

Лета времето…

Switch 2“ е една од најозборуваните теми во индустријата веќе неколку месеци активно. Се појавија безброј протекувања и гласини, но досега ништо не е конкретно поставено, а Nintendo ги игра своите карти многу паметно. Најновите гласини сугерираа дека конзолата ќе биде backwards compatible и способна да емитува целосно 1080p резолуција со 60FPS.

Еве што Фурукава имаше да каже за претстојната објава на Твитер:

This is Furukawa, the president of Nintendo. We will be announcing the successor to the Switch during this fiscal year for the first time in nine years since we announced the existence of the Nintendo Switch in March 2015. We will also be holding a Nintendo Direct in June to announce the Switch software lineup for the second half of 2024, but this will not include the successor model. Please do not misunderstand.

Тоа значи дека може да биде март 2025 година пред да се открие наследникот на Nintendo Switch, но се сомневаме дека ќе потрае толку долго. Сепак, претстојниот Nintendo Direct што ќе се одржи во јуни нема да биде платформа за откривање на конзолата.

Што знаеме за Switch 2

Медиумот Eurogamer извести минатото лето дека Nintendo ги демонстрирал хардверските способности на Switch 2 на голем број девелопери на настанот Gamescom во август. Извори на Eurogamer подоцна потврдиле дека Switch 2 сега е на пат да пристигне во 2025 година – малку подоцна од планираното, за да се овозможи машината да пристигне со робусна софтверска линија.

Следните извештаи детализираа малку за тоа што можеме да очекуваме од самиот Switch 2, кој се очекува да биде уште една хибридна конзола слична на Switch, иако со надградена техничка моќ. Се очекува Switch 2 да понуди поголем екран од осум инчи, иако LCD наместо OLED, и да го прикачи својот нов Joy-Con магнетски.