Нова Lord Of The Rings Mobile RPG игра од EA

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Electronic Arts се враќаат во бизнисот со игрите сместени во светот на „The Lord of The Rings“, објавувајќи партнерство денес со Middle-earth Enterprises за нов мобилен наслов. Името на оваа мобилна Free-To-Play игра ќе биде The Lord of the Rings: Heroes of Middle-Earth.

EA’s Capital Games, студиото зад насловот кој е вреден милијарда долари – Star Wars: Galaxy of Heroes, ќе биде креаторот на оваа игра. Нивниот план е оваа игра да има како што нагласуваат они “strategic, social-competitive experience”

Извршниот директор на EA Mobile, Malachi Boyle, во изјавата за медиумите кажа дека Heroes of Middle-earth ќе вклучува „графика со висока верност, кинематографски анимации и стилизирана уметност“. Играта ќе ги содржи омилените ликови на фановите од франшизите на LOTR и The Hobbit, иако никој не беше директно именуван.

Извршната директорка на Middle-earth Enterprises, Fredrica Drotos, изјави: „Возбудени сме што соработуваме со EA уште еднаш, овој пат да донесеме мобилна игра исклучиво инспирирана од светот на Middle-Earth…“

ЕА направи многу LOTR игри во минатото, вклучувајќи ги Lord of the Rings: Conquest, The Lord of the Rings: The Battle for Middle-earth 1 and 2, The Lord of the Rings: Tactics, and The Lord of the Rings: The Third Age. Компанијата, исто така, ги креираше игрите кои што беа споени со филмовите Two Towers и Return of the King во раните 2000ти години. Новото партнерство на EA со Middle-earth Enterprises беше објавено денеска не долго откако беше објавено дека матичната компанија Middle-earth Enterprises Saul Zentz Co. спроведува аукција за правата на видео игрите на LOTR. Се чини дека ЕА беше меѓу успешните понудувачи, иако е можно оваа зделка да датира пред тој процес на аукција.

Во секој случај, Heroes of Middle-earth е turn-based RPG која ќе содржи елементи на раскажување на “длабоки” приказни (како што е нагласено од EA), системи за собирање на „голем број“ на ликови од LOTR и The Hobbit. „Играчите се борат низ познатите приказни/случувања од светот на Толкин и ја започнуваат борбата против големите зли сили на Middle-Earth“, се вели во својата објава на EA.

Heroes of Middle-earth не е единствената нова игра сместена во светот на LOTR која што е во изработка. Daedalic моментално креираат игра фокусирана на Gollum која треба да излезе оваа година. Дополнително, долгогодишниот MMO The Lord of the Rings Online сè уште е силен, и неодамна го достигна својот највисок број на играчи во последните 10 години, делумно благодарение на настанот на 15-годишнината. Надвор од игрите, долгоочекуваното ТВ-шоу “The Lord of the Rings: The Rings of Power” на 2 септември ќе има премиера на Prime Video.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit
Share on pinterest

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија, кој што е дупка без дно но полна со пари, чија задача е да ја диверзифицира економијата на нацијата, се здоби со 5,01 отсто од акциите во Нинтендо.

Веста беше објавена во поднесување до Министерството за финансии на Јапонија, пишува Bloomberg. Тоа следи по слични инвестиции направени минатата година во Capcom, EA, Take-Two и Activision, заедно со речиси целосна сопственост на SNK.

Bloomberg вели дека ова ќе го направи Фондот за јавни инвестиции „петти по големина акционер на компанијата“. Ако ова е прв пат да наидете на ваков вид пари, знајте дека PIF е многу лошо нешто, како и човекот што го води, саудискиот престолонаследник Mohammed bin Salman.

Saudi Arabia spent the last year throwing money around the video game industry, with strategic investments in companies like Activision Blizzard, Electronic Arts, Take-Two Interactive, Capcom, and Nexon. Like many of Mohammed bin Salman’s dealings, these purchases fall within the Saudi Vision 2030 strategy established during his mid-decade rise to power, which on paper is meant to diversify the kingdom’s oil-centric economy.

In reality, however, Saudi Vision 2030 is largely a propaganda campaign focused on whitewashing Saudi Arabia’s atrocious human rights record. The regressive monarchy seemingly hopes that aligning itself with entertainment industries around the world might loosen the purse strings of businesses wary of investing in the oil-rich country’s economy, especially with the murder of journalist Jamal Khashoggi and the ongoing, U.S.-backed Yemeni genocide still looming overhead.

Видео игрите не се единствената индустрија за забава на страниците на PIF. Холивуд не е непознат за саудиските пари во последниве години, а спортските тимови и натпревари исто така беа главен приоритет за престолонаследникот. Купувањето со големи пари на премиерлигашот Њукасл минатата година помина и покрај големите протести поради состојбата со човековите права во државата, додека парите од ПИФ исто така се потрошени на сè, од коњски трки до Формула 1.