Во краткото ажурирање објавено на Твитер, претседателот на Нинтендо, Шунтаро Фурукава, истакна дека компанијата ќе го открие наследникот на Nintendo Switch во текот на оваа фискална година. Беше забележано дека ова откритие ќе дојде повеќе од девет години по објавувањето на конзолата во 2015 година.
Лета времето…
„Switch 2“ е една од најозборуваните теми во индустријата веќе неколку месеци активно. Се појавија безброј протекувања и гласини, но досега ништо не е конкретно поставено, а Nintendo ги игра своите карти многу паметно. Најновите гласини сугерираа дека конзолата ќе биде backwards compatible и способна да емитува целосно 1080p резолуција со 60FPS.
Еве што Фурукава имаше да каже за претстојната објава на Твитер:
This is Furukawa, the president of Nintendo. We will be announcing the successor to the Switch during this fiscal year for the first time in nine years since we announced the existence of the Nintendo Switch in March 2015. We will also be holding a Nintendo Direct in June to announce the Switch software lineup for the second half of 2024, but this will not include the successor model. Please do not misunderstand.
Тоа значи дека може да биде март 2025 година пред да се открие наследникот на Nintendo Switch, но се сомневаме дека ќе потрае толку долго. Сепак, претстојниот Nintendo Direct што ќе се одржи во јуни нема да биде платформа за откривање на конзолата.
Што знаеме за Switch 2
Медиумот Eurogamer извести минатото лето дека Nintendo ги демонстрирал хардверските способности на Switch 2 на голем број девелопери на настанот Gamescom во август. Извори на Eurogamer подоцна потврдиле дека Switch 2 сега е на пат да пристигне во 2025 година – малку подоцна од планираното, за да се овозможи машината да пристигне со робусна софтверска линија.
Следните извештаи детализираа малку за тоа што можеме да очекуваме од самиот Switch 2, кој се очекува да биде уште една хибридна конзола слична на Switch, иако со надградена техничка моќ. Се очекува Switch 2 да понуди поголем екран од осум инчи, иако LCD наместо OLED, и да го прикачи својот нов Joy-Con магнетски.