Нови слики од снимањето на Doctor Strange in the Multiverse of Madness

Doctor Strange in The Multiverse of Madness е официјално следниот филм на Marvel Studios кој што ќе се појави низ кино салите низ светот. Тоа значи дека почнувајќи од овој период ќе научиме доста нови работи кои што тимот ни ги спремил за ние да ги доживееме и искусиме. Актерката Rachel McAdams која што во филмот ја игра улогата на Christine Palmer се отвори со тоа што кажа дека филмот ќе биде нешто фантастично и на сите нас ни сподели неколку фотографии за како било на сетот на снимање за Doctor Strange in The Multiverse of Madness.

Во фотографиите може да го видиме режисерот Sam Raimi како ги води актерите и The Cloak of Levitation, и нормално Benedict Cumberbatch како покажува нешто зад синото платно и други работи од останатите актери кои што ќе си добијат свое одредено внимание во филмот.

Doctor Strange in the Multiverse of Madness ќе биде вториот пат кога ќе го видиме Cumberbatch и неговата улога на Sorcerer Supreme од настаните на Avengers: Endgame. Првиот пат нормално беше во Spider-Man: No Way Home. Интересно е што актерот кажа дека иако се борел заедно со сите во големата борба, неговиот лик не требало да се смета како вистински Avenger, он е нешто поголемо. Ова е мало спремање за тоа што ќе го видиме во ова продолжение.

Не сум Avenger, не сум Stark Tower и не сум заедно со Nick Fury. Мојот карактер е некако надовр од тоа царство, но не мислам дека мора да биде карактерна особина. Мислам дека тоа е само титула која што може секој да добие. Се до моментот кога ќе се содру во последните два филма на Avengers, па тој ја држи својата позиција како возрасен на периферијата на тоа, но мислам само толку долго. Секогаш има момент кога тој мора да работи со луѓе и тим. И знаете можеби ќе го видиме тоа во следниот филм, треба да почекате да видите.

Benedict Cumberbatch

Филмот е во режија на големиот Sam Raimi каде што ќе ги видиме карактерите на Doctor Strange, Wong, Christine Palmer, големата Wanda Maximoff, America Chavez, Baron Mordo и после одредено време ќе го видиме големиот и врвниот Patrick Stewart во неговата многу позната улога на Professor Charles Xavier! Филмот е закажан на 6ти мај 2022 година.

Какви се вашите очекувања за филмот и кој актер сакате да го видите повторно во филмскиот универзум? Напишете ги вашите одговори во комеантарите, или пишете ни на некои од социјалните мрежи.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.