Returnal: Ascension – Првите 19 минути од новата бесплатна експанзија на играта

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Returnal е игра каде што се пробува и се умира што побрзо за добивање на нови апгрејдови. Ексклузивата за Playstation 5 од девелоперот Housemarque првично излезе во април 2021 година, и од тогаш редовно добива свои ажурирања. Следното ажурирање за верзија 3.0 беше најавено за време на најновиот State of Play стрим. Housemarque објави 19 минутно видео од продолжението кое ќе се вика “Returnal: Ascension”. Најдоброто нешто кое што ќе биде додадено во играта е тоа што играчите ќе можат да играат Online co-op со тие што нормално имаат Playstation Plus претплата. Ќе се додаде Tower Mode кој што ќе биде кула од 20 нивоа. Кулата станува се потешка и потешка додека Selie се бори со непријателите кои што се во сите тие нивоа.

Видеото од 19 минути убаво прикажува како играчите се искачуваат во “The Tower of Sisyphus”. Секој кат има неколку соби, а играчите ќе треба да се обидат да преживеат и да завршат бонус задачи. Во кулата ќе има и мултиплеер поени – колку подолго играчите играат, толку повеќе ризикуваат да го загубат тој множител, така што ќе треба да се балансираат помеѓу покривање што е можно повеќе терен и да се обидат да го направат тоа што побрзо.

Иако има тајни и изборни правци, кулата е наменета да се дестилира во аркадно акционо искуство, каде што акцентот е ставен на опстанокот, вештината и фокусираната прогресија.

Game Director of Returnal – Harry Krueger

Демонстрацијата исто така го прикажува новиот шеф Algos и некои нови сцени од приказната, што сугерираат дека ќе откриеме повеќе за светот на Returnal и неговата протагонистка Seline. Ажурирањето на Returnal: Ascension е нормално бесплатно и ќе излезе на 22ри март.

Дали сте фанови на играта и дали ќе ја пробате оваа бесплатна експанзија? Пишете ги вашите миселења за играта и експанзијата во комеантарите, или пишете ни на некои од социјалните мрежи.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit
Share on pinterest

WP Post Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Втората сезона на Overwatch 2 ќе започне следната недела на 6ти декември! Ажурирањето на сезоната носи нов херој во играта заедно со нова мапа, Battle Pass, празнична козметика и многу повеќе…

Оваа вест доаѓа преку новиот трејлер за 2та сезона на Overwatch 2, објавен денеска, кој можете да го погледнете подолу, заедно со нов блог пост од Blizzard. Во трејлерот, го гледаме новиот херој кој се приклучува на списокот на херои – Ramattra како и новата експорт Shambali мапа која влегува во редовната ротација на играта заедно со досегашните. Исто така го гледаме новиот Mythic скин на Junker Queen достапен во новиот Battle Pass како и поглед на некои од празничните скинови од претстојните празнични настани.

With a new season comes a new map pool. Along with our newest map, Shambali Monastery, players can anticipate the return of a fan-favorite, Rialto, and the most epic place on earth, Blizzard World. We’ll be visiting Oasis and Nepal at different times of the day and rotating out Hollywood and Watchpoint: Gibraltar. As a reminder, all off-rotation maps will continue to be available in custom games.” 

Blizzard

Blizzard вели дека темата на 2-та сезона е грчката митологија, што објаснува зошто митските скинови од Battle Pass е Zeus Junker Queen. Овој скин ќе вклучува нови прилагодувања, модели на оружја, гласовни линии и специјални ефекти. Легендарниот скин на Poseidon Ramattra и Легендарниот скин од Hades Pharah може да се заработи и со квестови.

“These heroes and several others will be imbued with awesome god-like powers in our new Battle for Olympus game mode. This new limited-time event will start on January 5 and last until January 19.”

Blizzard

Blizzard исто така враќа два празнични настани: Winter Wonderland and Lunar New Year. Секој настан оваа сезона, вклучувајќи ја и битката за Олимп, ќе има скин како награда што можете да се заработи со играње и исполнување предизвици. Можете исто така да заработите помали работи од сезона 2 со гледање стримери на Overwatch 2 на Twitch.

Сезона 2, исто така, носи неколку промени во рамнотежата на Overwatch 2. Blizzard вели дека се фокусира на масакрирањето на Sojourn’s Rail Gun на растојание за сезона 2, во обид да ги поттикне играчите да ја „искористат големата мобилност на Sojourn за да го затворат растојанието за повеќе да има уништувања”. Doomfist добива „значајни промени кои подобро ја поддржуваат неговата улога како Tank на тимот, додека сè уште го одржува јадрото на стилот на игра на неговиот идентитет на херој“. Севкупно, Blizzard вели дека може да очекувате прилагодувања за Ana, Bastion, Junker Queen, Kiriko, Mercy и Symmetra кога ажурирањето на сезона 2 ќе биде објавено на 6 декември.