Netflix изработуваат Игран Филм и Анимирана Серија од франшизата на Gears of War

По поводот 16 години на објавувањето од првата Gears of War игра, Netflix прославија со објавувајќи ги плановите за адаптација на серијата и во игран филм и во анимирана серија за возрасни! Сите заедно може да се сложиме дека повеќе сакаме да ја видиме анимираната серија која што веројатно ќе биде R-Rated од причина што ќе има многу подобри убиства. Во Играниот Филм сите ќе си имаме проблеми со актерска екипа, цензури и многу други работи.

Стриминг гигантот ја откри веста во твит кој нема многу детали, но наведува дека работат колаборативно со развивачот на Gears – The Coalition. Врз основа на формулацијата на твитот, изгледа дека анимираната серија треба да ја видиме малку по премиерата на играниот филм. Можеби нема да застане тука, бидејќи Netflix исто така вели дека има „потенцијал за повеќе приказни во иднина!“

Се уште не е јасно дали проектот на Netflix е различен или истиот од филмот на Gears кој беше најавен во 2016 година дека е во изработка и никогаш не добивме поголеми детали од тоа. Тој филм тивко лебдеше наоколу со години, а сценаристот F. Scott Frazier (xXx: Return of Xander Cage) се приклучи во 2018 година. Продуцентот Dylan Clark, кој исто така беше прикачен и неодамна работеше на The Batman, даде апдејт во март, задевајќи нова објава „многу наскоро“. Ако ова е новоста на која алудираше Clark, „многу наскоро“ ќе биде прилично голема, но ќе видиме дали Нетфликс потврди дека ја презел продукцијата или прави сопствена адаптација. Ние мислиме дека тој проект е целосно фрлен во канта и ова што го прави Netflix е нешто сосема ново.

Во однос на потенцијалната актерска екипа, актерот од Guardians of the Galaxy – Dave Bautista јавно поднел петиција да го игра Marcus Fenix во неколку наврати; најблиску што дошол е да се појави како себеси во оклопот на Fenix како скин во Gears 5. Со оглед на тоа што Bautista сега има 53 години, веројатно ова му е последна шанса на актерот да ја игра таа улога, освен ако не одат со постариот Fenix од последните игри.

Овие проекти се приклучуваат на купот адаптации за видео игри што Netflix ги има во продукција. Се подготвува филм за Bioshock, како и бројни ТВ серии, вклучувајќи го Sonic Prime, втората сезона на The Cuphead Show и The Witcher (обновен за сезони 3 и 4 со Liam Hemsworth), дополнително Horizon Zero Dawn играна серија, анимирана Cyberpunk 2077 и League of Legends серија, и нормално Dota 2 анимирана серија. Имаат уште многу повеќе… Нетфликс стана и издавач на игри, купувајќи голем број студија како што се развивачот на Oxenfree Night School и, неодамна, Spryfox (Cozy Grove) за објавување игри под негово знаме.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.