Boba Fett часовник во вредност од $120,000 со лимитирана серија од само 10

Врвната и позната швајцарска дизајнерска компанија Kross Studios објави партнерство со Lucasfilms кое што ќе служи за изработка на екстремно луксузен и скап часовник со тематика од Boba Fett. Ограниченото издание на часовникот Boba Fett чини ни помалку ни повеќе, само $120.000. Во изработка ќе се само 10, и секој часовник ќе ја има познатата зелена шема на бои на ликот. Брод на Боба Фет, Firespray е претставен во часовникот преку централниот турбилон.

Брод е составен од осум парчиња и е „прецизно врежан и рачно насликан за да го имитира изопачениот изглед на бродот на Боба Фет како што се појавува во филмската сага на Star Wars, кажаа Korss.

Според дизајнерското студио, на работниците им биле потребни 90 часа за да го направат секој брод.

Самиот часовник има „Planetary Gear System“ кој орбитира околу турбилонот. Има преносен сооднос од 12 фактори, а прикажувањето на часовите и минутите се фиксирани на два топчести лежишта. Часовникот е конкретно моделиран по џетпакот на Боба Фет, додека стрелката за минута е инспирирана од ракетата на џетпекот

Ова не е првиот часовник на Kross од Star Wars, ниту е најскапиот што некогаш го создале. Претходно објавениот часовник Death Star чинеше 150.000 долари. Но сепак според нивката изјава, ниту еден производ никогаш повеќе нема да се произведува, и сите овие се екстремно лимитирани.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN