Облека од Ghost of Tsushima се продава во продавниците за туристи на островот Tsushima

Ghost of Tsushima се покажа како многу популарна игра кај Јапонците – до тој степен што клучните вработени во Sucker Punch станаа официјални амбасадори на вистинскиот остров Цушима. Ова беше откако играта доби секакви награди од медиумите и фановите ширум светот, посебно тие од Јапонија.

Јапонската љубов кон ексклузивата за PlayStation ќе продолжи, бидејќи туристичкиот одбор на Цушима сега има низа свежи производи од Ghost of Tsushima, кои ќе се продаваат на самиот остров. Производите вклучуваат некои маици со убав изглед, кошули со копчиња, шалови, чорапи, чаши и многу повеќе. Ако планирате патување до Цушима наскоро, веројатно вреди да внимавате. И сите производи се директно инспирирани од самата игра.

Ќе биде интересно да се види како ќе издржи односот на Ghost of Tsushima со реалниот живот на Јапонија, бидејќи на големо се шпекулира дека се подготвува продолжение. А додека го видиме тоа продолжение ќе видиме игран филм кој е адаптација на играта.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.