Македонија стигна до Топ 4 на глобалното финале на Red Bull Campus Clutch во Бразил!

Тимот на OBK или македонскиот Red Bull Campus Clutch шампион, во периодот од 11-17 декември, беше на гостување во Сао Паоло, Бразил каде ги “вкрстија копјата” со 50 тимови од различни делови од светот во борба за титулата НАЈДОБАР СТУДЕНТСКИ VALORANT ТИМ & НАГРАДА ОД 20.000 ЕВРА!

Инаку тимот OBK (екс Brazil Bound) е актуелен национален шампион на Red Bull Campus Clutch или најголемото студентско натпреварување во играта Valorant кој во ноември 2022 година со динамична игра, паметна тактика и прецизни прсти успеа да го порази тимот на Zoomers со вкупен резултат од 3:0 и со тоа да го осигура своето место на глобалното финале во Сао Паоло, Бразил.

Photo by Marcelo Maragni

Во Бразил, македонскиот тим OBК, кој пред почетокот на првенството важеше за тим со најмал коефициент за пласман понатаму во плејоф фазата, на лице место прикажа неверојатно-стабилна, зрела и максимално фокусирана игра и сѐ до полуфиналната фаза изигра без грешка т.е. без ниту еден изгубен натпревар.

Баш поради тој факт, тимот OBK за многу кратко време стана миленик на публиката во Бразил! Буквално цела сала во еден глас го скандираше името “Македонија” и искрено навиваше за пласман на најголемото и најпријатното изненадување на турнирот – Тимот OBK од Македонија во големото финале.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

KeokeN, девелоперите зад неколку помали игри, објавија дека ги отпуштаат сите вработени во студиото. Одлуката доаѓа по неуспехот да соберат нешто „значајно“ по присуството на Конференцијата за развивачи на игри (GDC) во Сан Франциско.

Во изјавата објавена на Твитер, извршниот директор Коен Дитман и управниот директор Пол Дитман го објаснија изборот да ги отпуштат преостанатите вработени.

Срцето скршено, моравме да го отпуштиме нашиот тим во KeokeN бидејќи ништо суштинско не се материјализираше директно по нашата посета на GDC“, велат тие. „За жал, ги исцрпивме сите наши можни опции за објавување, работа за изнајмување и заеднички развој.”