Извршниот директор на Striking Distance си замина од студиото поради неуспехот на The Callisto Protocol

Извршниот директор на Striking Distance, Glen Schofield ја напушта компанијата по разочарувачките бројки при продажба на нивниот хорор наслов и игра, The Callisto Protocol. Главниот директор за развој на компанијата, Steve Papoutsis ќе го замени и ќе дојде на позицијата која што моментално стои празна по денешното заминување.

Информацијата ја добивме од преставник од Striking Distance кој што за медиумот Bloomberg изјави дека Schofield ќе ја напушти компанијата за да „стреми кон нови можности“. Заедно со него ќе заминат и Главниот Оперативен Директор и Главниот Финансиски Директор на Striking Distance.

Schofield е најпознат по тоа што беше ко-креатор на франшизата Dead Space и го основаше Striking Distance за да работи на игра поврзана со универзумот на PUBG, која подоцна ќе стане самостоен наслов што сега го знаеме како The Callisto Protocol.

Првично се предвидуваше дека играта ќе достигне продажба од барем 5 милиони копии продадени ширум светот, само за извештаите да откријат дека се борела да достигне 2 милиони продадени копии по нејзиното лансирање на крајот од минатата година. Со оглед на извештаите за колку финансии направила играта, се предвидува дека се направени само 160 милиони долари, и играта се класифицира како големо промашување и грешка.

Лошата продажба влијаеше и на инвеститорот бидејќи Bloomberg исто така објави дека 30 вработени биле отпуштени во текот на изминатите неколку месеци, оставајќи ги со околу 90 вработени до моментот при заминувањето на директорите на играта и студиото.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Џокерот од Флорида, кој навидум инспирираше лик прикажан во трејлерот за на GTA 6, бара 2 милиони долари од Rockstar Games за неговото искористување, и тоа што му го украле целиот карактер кој што он сам си го градел.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, „вистинскиот“ Џокер ги повтори своите размислувања од неговото претходно видео. Тој покажа кон ликот од играта рамо до рамо со негова слика, повторувајќи постојано дека е јасно од кого е инспириран тој лик.

“We gotta talk GTA, or not you guys gotta give me a million or two,” he said in the video.

“Holla at me GTA. Rockstar Entertainment.”

Дури и ако има шанси да добие пари од Rockstar, тоа е многу малку веројатно. Rockstar лесно може да тврди дека ликот во играта е пародија. Има и случај кога актерката Lindsay Lohan се обиде да ги тужи Rockstar, тврдејќи дека ликот на девојка во GTA V се базира на неа.

Тој случај на крајот беше отфрлен откако судијата Eugene Fahey изјави: “„Уметноста и реалниот живот не треба да се споредува. Доколку во игра имаме рендер од некој карактер не значи дека тоа е инспирано од реалниот живот”.

Rockstar не ги коментираше барањата на Џокерот од Флорида, и најверојатно нема да ги коментира во никакво официјално својство… Нормално дека не се будали за да го направат тоа…