Final Fantasy VII Rebirth пристигнува на PS5 во февруари 2024

Final Fantasy VII Rebirth, продолжението на римејкот на Final Fantasy VII од 2020 година, ќе се појави на PlayStation 5 на 29 февруари 2024 година. Ова следи по вестите од Summer Game Fest во јуни, каде што Square Enix објави дека Rebirth ќе биде поделена на 2 CD’s и ќе биде лансиран во „почетокот на 2024 година.” Колку е лудило фактот што играта ќе излезе во 2024та година, на најмоќната конзола, и Final Fantasy повторно ќе доаѓа со повеќе CD’s.

Покрај вестите за датумот на објавување на Rebirth, Square Enix и PlayStation објавија и нов и обемен трејлер за време на вчерашниот State of Play. Во него, ги добиваме нашите први погледи на ликовите како Cait Sith, Vincent Valentine, и многу повеќе. Можеме да го видиме и The Gold Saucer, неколку забавни мини-игри инспирирани од визуелниот стил на Final Fantasy VII на PS1 и повеќе од истражувањето на отворен простор на играта, кое содржи Chocobos за јавање, возила и сегвеј.

Неколку убави слики од карактерите од трејлерот:

По објавувањето на овој нов трејлер, продуцентот Yoshinori Kitase, режисерот Naoki Hamaguchi, and креативниот директор Tetsuya Nomura објавија порака на Твитер прославувајќи ги денешните вести.

Порака од продуцентот Yoshinori Kitase

Порака од режисерот Naoki Hamaguchi

Порака од Креативниот Директор Tetsuya Nomura

Крајот на денешниот трејлер откри и специјално колекционерско издание на Rebirth! КОЛКУ ДОБРО ИЗГЛЕДАААААА!!!!

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN