Switch Sports е излезена само еден ден и гејмерите почнаа да ги кршат своите телевизори

Се враќаат пробелмите од Wii Sports

По само 24 часа по излегувањето на Nintendo Switch Sports, играч веќе е фатен како случајно го крши својот телевизор. А интересно е што целото тоа се случува на Twitch стрим.

Стримерот 63man ја стримаше играта и играше сесија тенис се до моментот кога случајно неговиот Joy-Con со екстремна брзина му летна од неговата рака и се залепи во неговиот телевизор.

“If you don’t send [that clip] to Live Stream Fails I’m actually divorcing this chat”

Референца за популарниот Reddit канал

Целото видео може да го погледнете ТУКА

Switch Sports е наследник на многу популарната Wii Sports игра на Nintendo, која продаде над 80 милиони копии, и се уште останува најпродаваната игра на компанијата. Wii Sports беше познат по многуте снимени инциденти на играчи кои случајно ги фрлаа своите Wii контролери за време на играта. Имаше кршење на телевизори, кршење на контролери и се можно.

Овие инциденти и смешни видеа станаа толку популарни што беа споделени мејнстрим медиуми како што се BBC, а Nintendo понуди да ги замени сите ремени на контролорот со подебели верзии за да помогне да се спречат тие инциденти. Но сепак забавата беше во тоа што секогаш можеше да се види како лета нешто. Две години по лансирањето, Nintendo потоа воведе додаток кој беше Wii Remote Jacket, наменет да „provide cushioning for the Wii Remote for people who might accidentally throw or drop their Wii Remotes while playing games” како што беше изјавено од страна на Nintendo.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.