Spider-Man 2 ќе биде лудило игра! Сите новости од State of Play

Креативниот директор Bryan Intihar сподели секакви нови детали за Spider-Man 2 за време на вчерашниот PlayStation State of Play. Додека ја прикажуваше новата игра, Intihar сподели голема листа со детали за Spider-Man 2, која можете да ја видите подолу.

  • Масивен Регион за Играње – Градот е двојно зголемен од Marvel’s Spider-Man и Miles Morales
  • Web Wings – Некој вид на мали крила кои ги имаат Peter Parker и Miles Morales кои им овозможуваат побрзо да се движат низ градот и да можат да лебдат низ воздухот. Нешто многу слично е тоа што го имаше Batman во Arkham серијалот
  • Нови Локации кои што се Многу Познати – Старото средно училиште на Peter Parker е локација што можете да ја посетите, како и Visions Academy каде што студира Miles Morales
  • Брзи Промени помеѓу Карактерите – Ќе можете да се замените помеѓу Parker Spider-Man и Morales Spider-Man речиси веднаш благодарение на брзината која што ја има SSD-то на PS5. Ова е директна инспирација од тоа што пред 10 години го видовме во GTA V што беше фантастично, но овде брзината ќе е супериорна!
  • Нов UI/AR – Благодарение на новата и по модерната технологија која што е вградена во костимите на карактерите, градот ќе е многу повеќе полн со работи кои што ќе се целосно Side-Quests доколку сакате да ги играте, но дополнително и работи кои што ќе ги добивате со текот на самата кампања
  • Вградена Апликација – Parker и Morales ќе можат да користат Мобилна Апликација на нивните телефони каде што ќе излегуваат сите мисии и странични обврски кои што треба, или можеби ќе сакате да ги правите. PlayStation сакаат тој детал малку повеќе да го изградат да има поголема интеракција
  • Нема да можете да играте само со еден Spider-Man – Луѓето ќе бараат помош од Spider-Man често… Но многу често ќе бараат одреден Spider-Man да им помага! Не секогаш ќе можете сите работи да ги вршите само со Peter или само со Miles
  • Нов систем за Fast Travel – Ова вака можеби на збор не звучи јако, но луѓе!!! Уште не сме свесни колку е брза PS5 конзолата! Благодарение на новиот систем и брзината, ќе можете да направите Fast Travel кој што нема ни да трае, едноставно веданш ќе можете да влезете од дел на градот во друг дел. Сите знаеме како работи Fast Travel во игри, но сепак од најдалечниот дел на градот до сосмема друг крај само да можете да си продолжите е магично!
  • Над 65 костими – Можеби на многумина козметиката не е нешто спесифично, но сепак во Marvel’s Spider-Man игрите секој костим дава спесифични напади или клучни елементи, така да замислете преку 60 различни специјални напади што ќе ви ги даваат костимите! Маестрално!

Marvel’s Spider-Man 2 пристигнува на 20 октомври ексклузивно на PlayStation 5! За жал на PS4 нема да ја видат луѓето што се уште немаат од поновите генерации, но сепак има шанса ако можете Marvel’s Spider-Man 2 да ја играте на PS4, ќе имате пожар во вашиот дом…

МАРКЕТИНГ

About The Author

Според новиот извештај на Dealabs, доверливиот протекувач billbil-kun тврди дека God of War Ragnarök наскоро ќе добие најава за PC.

Извештајот проценува дека верзијата за компјутер ќе биде „објавена некаде во мај 2024 година“, лабаво преведена. Се додава дека најавата би можела да пристигне за време на новата изложба на PlayStation, која, исто така, веројатно доаѓа овој месец.

Dealabs, исто така, споменува дека не може да го потврди датумот на објавување за PC верзијата на God of War Ragnarök, иако го истакнува датумот на лансирање на оригиналот во 2022 година.

God of War Ragnarök е еден од најценетите ексклузивни наслови на PlayStation. Сепак, PlayStation ќе ја објави Ghost of Tsushima Director’s Cut за ПЦ следната недела на 16 мај. Значи, постои преседан за слични планови.

И покрај некои измешани чувства за PSN, новата верзија за компјутер на Ghost of Tsushima изненадувачки ќе ги вклучи и трофеите на PlayStation и преклопот. Не е јасно дали овие карактеристики на компјутер ќе се прошират на наслов како God of War Ragnarök.

Billbil-kun успешно објави различни вести од индустријата и други неизбежни најави. Ова ги вклучува тврдењата за Death Stranding 2 од јануари 2024 година. Набргу потоа, Death Stranding 2 доби нов трејлер за приказната.

Значи, многу е веројатно дека доаѓа најавата за God of War Ragnarök. Сепак, ништо не е потврдено, а PlayStation се уште официјално не се закачи или откри ништо.