Нов трејлер и многу новости за Avatar: Frontiers Of Pandora

На вчерашниот PlayStation State of Play го видовме најновиот трејлер за новата игра Avatar: Frontiers Of Pandora. Новиот трејлер ги прикажува импресивните визуелни елементи што нормално дека ги очекувавме од играта, но дополнително со шарена палета што изгледа како прекрасно место за истражување. Исто така, добивме увид на способноста на играчот да јава и да комуницира со различни вонземјани суштества на Пандора! Лудило!

Avatar: Frontiers of Pandora е креирана од Massive Entertainment во соработка со Ubisoft, а ќе биде објавена за само неколку месеци, на 7 декември за PS5, Xbox Series X/S и PC. Нема да треба многу да чекаме повторно да се вратиме во светот на Пандора!

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN