Сè што беше најавено на прославата за 15 години Assassin’s Creed

Ubisoft одржа специјален прославен пренос во чест на 15-годишнината на Assassin’s Creed денес и за време на истиот, компанијата објави нов Game Modre за Assassin’s Creed Valhalla, кога да го очекуваме финалето на приказната на Eivor, бесплатен викенд за игри и многу повеќе. Исто така многу брзо прикажа кога да го очекуваме “следното” нешто од франшизата. Според опдредени протекувања кои што ги добивавме изминативе месеце, следната Assassin’s Creed треба да е најголемото нешто до сега што сме го виделе! Не само игра туку “нешто специјално”. Многумина шпекулираат дека нема да се сврзе на одреден временски период туку ќе има повеќе шетање низ времето во различни периоди! Нешто што многумина сакаат да го видат. Иако малку сме го виделе и порано, збориме во големи временски периоди!

Подолу ги разделивме секоја од најавите:

Assassin’s Creed Valhalla

Ubisoft откри дека Valhalla ќе добие уште една година полна со содржина – соодветно именувана Year Two – и ќе вклучува повратни фестивали, Mastery Challenge Pack 2, ажурирање на оружјата и нови гробници за истражување.

Плус, некаде летово, The Forgotten Saga ќе ја погоди Valhalla. Ова е нов режим на игра инспириран од Rogue-Lite што ќе се одвива во Niflheim. Во него, ќерката на Loki, Hel, го турка Odin низ бескрајното царство на смртта. Како и секој Rogue-Lite, Один ќе умира…многу пати. Мора да научите како да ги надминете брановите на непријателите, додека станувате посилни и користејќи научени вештини за да напредувате напред, додека не се соочите лице в лице со самата Hel. Трејлерот откри змејови, чудовишта, многу човечки непријатели и многу повеќе. Официјалниот датум на објавување не беше откриен, но The Forgotten Saga ќе се појави во Valhalla некаде ова лето и ќе биде бесплатна за сите играчи. За сите кои нормално си ја имаат купено играта.

Конечно, Ubisoft ќе ја објави последната епизода од приказната за Eivor како бесплатно поглавје за сите играчи кон крајот на годината.

Discovery Tour: Viking Age

Discovery Tour во Assassin’s Creed Origins, Odyssey и Valhalla им дава шанса на играчите да ги истражуваат регионите на овие игри без насилство. Наместо тоа, ве почестуваат со едукативна тура во секоја област и како резултат на тоа, Discovery Tour се здоби со популарност во училиштата и многу повеќе. Верзијата на Viking Age на Discovery Tour сега може да се преземе денес како самостоен наслов на конзолите PlayStation и Xbox, платформите Stadia и Luna и нормално PC.

Assassin’s Creed Origins

Ubisoft штотуку објави Patch за 60 FPS за Assassin’s Creed Origins. Ако сакате да ја испробате а ја немате играта, можете да го сторите тоа од 16 јуни до 20 јуни бидејќи Origins ќе биде бесплатена за играње овој викенд. Плус, неколку тетоважи инспирирани од Origins и поморски пакет на Origins се додадени во Valhalla.

Иднината на Assassin’s Creed

Ubisoft соопшти дека ќе ја открие иднината на Assassin’s Creed овој септември на „многу посебен“ настан. Кога кажуваат дека се работи за иднината свесни сме за што станува збор… Селдната игра од франшизата. Но сепак тоа не е се. На настанот сигурно ќе ни биде прикажана шпекулираната Assassin’s Creed Rift, приказна од помал обем фокусирана на ликот на Basim од Valhalla, или може да биде помалку озборуваниот Assassin’s Creed Remake. Тоа би можело да биде и нашиот прв поглед на Assassin’s Creed Infinity, кој наводно ќе биде пренос во живо на франшизата. Само времето ќе покаже, но за среќа, не треба долго да чекаме бидејќи септември е само за неколку месеци.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN