Fallout 5 ќе излезе неколку години по The Elder Scrolls 6… Ако преживееме до тогаш – Изјави Todd Howard

Во интервјуто за IGN, Todd Howard од Bethesda изјави дека Fallout 5 ќе излезе неколку години по The Elder Scrolls 6, играта која сè уште е во претпродукција. Или со други зборови кажано, многу е далеку…

“Yes, Elder Scrolls 6 is in pre-production, and after that we will work on Fallout 5, so we have a very busy schedule in the coming period. We have some other projects that we also look at from time to time.”

Howard претходно изјави за IGN дека студиото веќе има идеја за Fallout 5: „Fallout е дел од нашата ДНК. Работевме со други програмери од време на време, но не можам да кажам што ќе се случи. Знаете, ние имаме само една страница со работи што сакаме да ги направиме, ајде да го направиме Fallout 5. Сепак, Howard дефинитивно не потврди дека играта ќе биде објавена веднаш по The Elder Scrolls 6.

Секако, со сегашното темпо на развој на играта, веројатно ќе поминат години пред да видиме што всушност е Fallout 5. Во интервјуто, Howard потврди дека работата на Satrfield започнала во 2015 година, што значи дека ќе поминат речиси 8 години (8 до моментот на излегување кој е следната година). Последната голема мејнстрим игра на Elder Scrolls, Skyrim, беше објавена во 2011 година, а бидејќи продолжението се уште е во претпродукција, сигурно ќе почекаме уште неколку години додека да ја видиме и таа игра. Претходно дознавме дека тимот ја прекина работата на The Elder Scrolls 6, бидејќи сака прво да се концентрира на Starfield

Howard призна дека има многу чекање за омилените игри на навивачите и навести дека е фрустриран како и оние кои ги чекаат: „Навистина им треба долго време, би сакале да излезат побрзо, се трудиме исто како што можеме, но ги сакаме и најдобрите можни верзии на игри за секого.”

Тизров има 15.5 милиони прегледи!

Fallout 4 излезе во 2015 година, проследено со омразениот спин-оф за повеќе играчи, Fallout 76. И двете од овие игри играчите ги доживуваа како послаби изданија од претходните игри, а Fallout 76 беше речиси невозможно да се игра во состојбата во која беше на прв ден. Многумина оттогаш не веруваат во ветувањата кои доаѓаат од Bethesda, а во денешно време е секогаш попаметно да се биде скептичен гејмер.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!