Кон крајот на 2023 година, Lenovo го издадоа уредот Legion Go, амбициозен рачен компјутер (хенд-хелд) дизајниран да влезе на пазарот во кој доминираат компании како Valve и ASUS, и нормално дополнително да бидат во тек со трендот. Legion Go беше прилично успешен, со еден од најголемите и најдобро оценетите екрани во опсегот, како и со контролери што се вадат кои многу се инспирирани од Nintendo Switch.
Сега, се чини дека Lenovo веќе се подготвува да одат кон следната верзија на Legion Go, бидејќи неодамнешниот цитат откри дека технолошкиот титан се радува на следната генерација на уредот.
GO, LEGION GO!
Во неодамнешното видео објавено на YouTube, менаџерот за игри во Lenovo APAC, Клифорд Чонг, зборуваше за тоа што би можело да биде следно за популарниот рачен уред, допирајќи го потенцијалното продолжение:
We are still spending a lot of resources improving on current Legion Go, over the span of the last six months since launch … And there are still engineering efforts to try to bring the next wave of features to the product. So definitely it’s a category that we do see potential in, and we continue to invest, and we are looking towards, when the time comes, having a next generation to provide even more, better features.
Изјава од Клифорд Чонг, Менаџерот за Игри во Lenovo APAC
За актуелниот модел, Чонг истакна дека некои одлуки за дизајн биле, извесно време, тешки за креирање. На пример, 8,8-инчен екран со допир на него е најголемиот екран меѓу линијата на рачни компјутерски единици. Било ризичен избор – но се чини дека се исплатело.
Не е објавено колку единици на Lenovo Legion Go се продадени откако уредот беше пуштен во продажба во октомври 2023 година, но се претпоставува дека продажбата иде добро. Сè уште нема индикации за тоа кои хардверски или дизајнерски опции Lenovo ќе ги стави за второ повторување, но тоа ќе дојде со време.