AMD официјално ги претстави своите графички RX 7800 XT и RX 7700 XT, и конечно ја комплетираа својата линија RDNA 3 откако ги објавија своите први графички во ноември минатата година. Двете графички се наменети да таргетираат 1440p60FPS со игри на Max Settings. Тие, исто така, ќе ги поддржат возбудливите Frame Generation технологија на AMD, кои доаѓаат со употребата на FSR 3 и Fluid Motion Frames.
Двете графички карти го користат новиот Navi 32. 7800 XT ја добива целосно овозможената верзија 60CU со 256bit Memory Bus, 64 MB Infinity Cache и 16 GB GDDR6 меморија што работи со 19,5 Gbps, додека 7700 XT е намалена – но не многу. Користи 54CU дизајн со 192bit Memory Bus и 48MB Infinity Cache, поддржана со 12GB GDDR6 кој работи со 18Gbps. Бројките на TDP се исто така многу слични, на 245W наспроти 263W, при што 7700 XT е повисоко за да го надополни неговиот дополнителен CU.
Податоците за перформансите на AMD изгледаат импресивно овде, бидејќи RX 7800 XT се рамни со RTX 4070 и RX 7700 XT се рамни со RTX 4060 Ti. И двете графички се прикажани со надминување на 60FPS при максимални поставки во мноштвото неодамнешни изданија на ААА, вклучувајќи ги и The Last of Us Part 1, Star Wars Jedi: Survivor, Hogwarts Legacy и Call of Duty: Modern Warfare 2.
AMD укажува на предност дека 7800 XT во однос на RTX 4070 има до 23 проценти во Modern Warfare 2, Cyberpunk 2077 и Hogwarts Legacy, додека заостанува до 18 проценти во RT насловите како што се Dying Light 2, Marvel’s Spider Man: Miles Morales , F1 23 и Doom Eternal. 7700 XT е релативно поконкурентен, со предност до 31 процент во MW2 и само губи од 4060 Ti за два проценти во Doom Eternal со RT.
RX 7800 XT е достапен во референтен дизајн со двоен вентилатор на AMD, со двоен отвор, како дополнение на дизајни од партнери како што се ASRock, Asus, Gigabyte, PowerColor, Sapphire и XFX. Референтниот модел има три порти DisplayPort 2.1 и еден HDMI 2.1 порт и зема два конектори за напојување со осум пина (2×8 PIN). Во меѓувреме, 7700 XT е само од трд парти девелопери, без референтен модел.
Двете графички нудат значително повеќе VRAM од нивните директни конкуренти, со 12 GB на 7700 XT и 16 GB на 7800 XT, што би требало да ги стави на поголемо место на подиумот против некои од неоправдано тешките VRAM наслови што ги видовме во последните месеци. Тие игри најмногу се портовите кои што доаѓаат од PS5 на PC. Врз основа на моменталната состојба на игра со најновите наслови, меморијата од 12 GB во 7700 XT треба да се покаже особено ефикасна наспроти 8 GB 4060 Ti.
RX 7800 XT и 7700 XT треба да пристигнат на 6-ти септември, каде што ќе бидат достапни од вообичаените производители на AMD GPU. Тој датум е, исто така, датумот на издавање на Starfield, и со оглед на постоечките врски помеѓу AMD и Bethesda, не е изненадувачки што овие графички процесори доаѓаат и со копија од премиум изданието на Starfield.