Todd Howard е разочаран бидејќи ја најавиле The Elder Scrolls VI

Додека следната RPG игра на Bethesda е Starfield, и излегува за многу кратко, многу фанови ја чекаат The Elder Scrolls VI, нивната најголема франшиза која што ја поседуваат.

Најавена уште во 2018 година на еден од последните саеми за електронска забава E3 кој што се случи во живо т.е. отворен за посетители, The Elder Scrolls VI беше чудно откриена заедно со Starfield. На прашањето дали ја најавил играта премногу рано, директорот на играта на Bethesda Game Studios, Todd Howard, даде замислен одговор за магазинот GQ.

“I have asked myself that a lot I don’t know. I probably would’ve announced it more casually.”

Изјава од Todd Howard за GQ Magazine

Многу товар се става на Starfield периодов, иако може да се каже истото за The Elder Scrolls VI, продолжението на круната на Bethesda – Skyrim, што дури и самиот Todd се шегува дека продолжува да се продава премногу добро… И е тотално во право

Не се знае многу за The Elder Scrolls VI освен дека ќе биде ексклузива за PC и XBOX платформите, меѓу другите шеги од самиот Тод дека обожавателите ќе играат „со децении“. Ништо чудно и да е во право, тоа го гледаме благодарение на Skyrim.

Последнио тизер е особено вистинита имајќи предвид дека најраното што го очекуваме The Elder Scrolls VI е веројатно најрано од 2026 до 2028 година, близу две децении од објавувањето на Skyrim. Фановите сè уште купуваат и играат Skyrim во мноштво до ден-денес. ДВЕ ДЕКАДИ ЛУЃЕ! Свесни сте дека има деца родени во 2011 година кои што додека излезе The Elder Scrolls VI можно е да бидат полнолетни…

Todd Howard е директор на играта на сите наслови на Elder Scrolls уште од The Elder Scrolls III: Morrowind, и тој нема да се пензионира наскоро… На друго место во интервјуто, Todd Howard се спореди себеси со легендата на Нинтендо, Шигеру Мијамото, кој сè уште дизајнира и произведува игри во своите 70-ти години.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Black Myth: Wukong ќе го добие првото DLC или проширувања на почетокот на 2025 година.

Според аналитичарот Даниел Камило, DLC за Black Myth: Wukong се очекува да биде објавено некаде околу Кинеската Нова година. Тоа би го ставило на, или околу, крајот на јануари. Објавата за плановите може да дојде некаде во декември.

Што се однесува до тоа што би вклучувало DLC за играта, тоа засега е непознато. Сепак, Камило додаде дека и покрај тоа што играта продаде повеќе од 20+ милиони копии, тој очекува DLC да биде купено само од 20% од вкупната база на играчи. Тој вели дека тоа се должи на голем број фактори како што се тежината на играта и 70% од продажбата во Кина каде што „новината и гордоста на нацијата“ на играта дотогаш се истрошиле.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!