Humble Bundle нудат 70 Capcom наслови за само $20

Оние кои обожаваат ретро борби и аркадни игри треба да го погледнат овој месечен Capcom Humble Bundle. Овој месец понудата е многу мрдната бидејќи Humble Bundle ви даваат 70 наслови, вклучувајќи ги Street Fighter V: Champion Edition, Final Fight, Ghouls ‘n Ghosts, Darkstalkers: The Night Walkers и многу други наслови на Capcom! И… За само 20 долари!

За само 20 долари, ќе добиете многу ретро игри од каталогот на Capcom и 34% попуст за Street Fighter 6 на Humble Store. Повеќето од 70-те игри потекнуваат од серијата Capcom Arcade Stadium, која зема аркадни скапоцени наслови од кои што се ретро, но прилагодени за модерните платформи!

Овој Capcom Humble Bundle дава клучеви за Steam за оние што го купуваат. Ако сакате само попуст од 34% Street Fighter 6, можете да донирате најниска сума од 2 долари. Со тие 2 долари исто така ќе ја добиете и Ultra Street Fighter IV. Дел од приходите одат за болниците на Children’s Miracle Network, кои обезбедуваат „32 милиони третмани секоја година за деца низ САД и Канада“, според нејзиниот опис на Humble Bundle.

Ако сте обожавател на Mega Man, можете да ги погледнете и Mega Man 2: The Power Fighters и Mega Man: The Power Battle. Felicia дури се претвора во синиот робот во чудесниот Super Gem Fighter Mini Mix, кој е исто така вклучен.

Треба да знаете дека Capcom Humble Bundle истекува на 29 февруари доколку одлучите да го купите. Еве сè што вклучува овој пакет:

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN