Групацијата Magic Media го купија Македонското студио Interactive Creation

Официјално денес е склучен договор помеѓу Групацијата Magic Media за аквизација на Македонското студио Interactive Creation. Со седиште во Скопје, Македонија, Interactive Creation е лидер во индустријата за забава, особено во областите на 3D, анимација и VFX. Студиото произведува неверојатна содржина во индустријата за игри и работеле на значајни проекти како што се Fall Guys, Weird West и Shadow Warrior.

Оваа најнова аквизиција го зголемува каталогот на други брендови во групацијата на Magic Media, вклучувајќи ги Starloop Studios, Ringtail Studios, Igloo Creative House и Igloo Gaming, кои доаѓаат како дел во Magic Media VFX & Cinematics и Magic Media Mobile Studio

Ко-основачот и извршниот директор на Interactive Creation го изјави следново:

Честа е голема да се приклучиме на групацијата Magic Media, и тоа е доказ за тешката работа и посветеност од целиот тим на Interactive Creation. Ова е одлична пресвртница и мајлстон за компанијата, и ние очекуваме огромни работи во Magic Media

Иван Даутовски, ко-основач и извршен директор на Interactive Creation

Александар Ѓокиќ, шеф на продукција во Magic Media надополна со:

Му посакуваме добредојде на целиот тим од Interactive Creation и сме возбудени за иднината што претстои. Во Magic Media, со нетрпение очекуваме да работиме со нив и да им донесеме уште поголема вредност на нашите клиенти со нашиот проширен опсег на вештини и експертиза

Aleksander Djokic, Head of Production во Magic Media

За Magic Media

Magic Media е меѓународна технолошка групација која станува светски водечки снабдувач на услуги за игри, технологија и разни делови од забавната индустрија. Тие се дом на експанзивна група на водечки експерти во индустријата низ областите, вклучувајќи VFX, уметност, Дизајн на Трејлери и анимација. Тие имаат различни тимови, броејќи над 1000 вработени, во 15 земји на четири континенти. Некои проекти на кои што имаат работено вклучуваат Cyberpunk 2077: Phantom Liberty, Blankos Block Party и Remnant 2, меѓу другите. Дознајте повеќе за Magic Media: Video Games & Entertainment Studio | Magic Media

МАРКЕТИНГ

About The Author

Black Myth: Wukong ќе го добие првото DLC или проширувања на почетокот на 2025 година.

Според аналитичарот Даниел Камило, DLC за Black Myth: Wukong се очекува да биде објавено некаде околу Кинеската Нова година. Тоа би го ставило на, или околу, крајот на јануари. Објавата за плановите може да дојде некаде во декември.

Што се однесува до тоа што би вклучувало DLC за играта, тоа засега е непознато. Сепак, Камило додаде дека и покрај тоа што играта продаде повеќе од 20+ милиони копии, тој очекува DLC да биде купено само од 20% од вкупната база на играчи. Тој вели дека тоа се должи на голем број фактори како што се тежината на играта и 70% од продажбата во Кина каде што „новината и гордоста на нацијата“ на играта дотогаш се истрошиле.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!