Во изработка е Horizon Zero Dawn проект од Netflix

Телевизискиот проект од Horizon Zero Dawn се подготвува за Netflix, објави Sony.

Во новата презентација (прочитајте ја, предобра е) пред инвеститорите, Sony, исто така, рече дека има телевизиско шоу God of War во развој за Amazon, како и дополнителен проект за Gran Turismo на кој исто така се работи. За сите овие веќе знаевме, за God of War малку повеќе дека ќе биде правено од страна на Amazon, но официјално за Horizon проектот дознавме дека ќе биде правен од страна на Netflix.

Нема информации и детали за прокетот – или некој од горенаведените проекти – или информации за тоа кога би можеле да видиме како тие се материјализираат. Ние малку се надеваме дека некој од Sony ќе збори со актерката од Game of Thrones – Rose Leslie да ја игра Aloy.

Овие три најнови ТВ проекти доаѓаат како додаток на уште три адаптации на видео игри кои Sony исто така ги наведе како дел од својата презентациска документација: серијата The Last of Us на HBO која моментално се снима, филм Ghost of Tsushima и Twisted Metal шоу за Peacock на NBC. Од нив, The Last of Us на HBO се чини дека е најблиску до објавување и моментално има нејасен датум за лансирање во 2023 година.

Кастингот за серијата Twisted Metal моментално е во тек. Претходно оваа недела, ѕвездата на Scream, Neve Campbell, беше дадена како предлог и можеби ќе ја игра улогата на Raven. Anthony Mackie, кој стана капетан Америка, ќе ја игра главната улога на John Doe. Ќе глумат и актерот од Sandman, ТThomas Haden Church и Stephanie Beatriz од Brooklyn 99.

Што се однесува до адаптацијата на Sony – Ghost of Tsushima, која изгледа подалеку, сме слушнале релативно малку. Во изминатите 12 месеци беа прикачени режисерот на John Wick – Chad Stahelsk и писателот Takashi Doscher. Наводно, адаптацијата се уште е во „ран развој“.

Зборот за новонајавените проекти Horizon, God of War и Gran Turismo доаѓа од аудио коментар на презентацијата, забележан од доверливиот аналитичар за видео игри David Gibson.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.