Mario Kart, Princess Peach, Donkey Kong и многу други работи во новиот трејлер за The Super Mario Bros.

Вториот трејлер за филмот „The Super Mario Bros.“ беше објавен за време на новиот Nintendo Direct настан. Трејлерот ни дава многу подетални работи за што треба да очекуваме од самиот филм кој треба да излезе во април 2023. Nintendo еден ден пред да го претстават овој нов трејлер објави некои минимални работи каде што го гледаме познатиот замок на Peach. Со тоа многумина помислија дека и овој трејлер и целиот филм ќе биде фокусиран само таму и никаде на друго место. Поради некоја причина да… целиот овој трејлер беше во глобала фокусиран баш на замокот на Peach каде што се гледа дека голем дел од настаните ќе се случат баш таму… Но сепак имаше прекрасни детали како што е например Mario Kart! Да не се лажеме никој не го очекуваше тоа!

Од она што досега го открија Nintendo & Illumination Entertainment, филмот The Super Mario Bros. може да заклучиме дека филмот ќе се фокусира многу на ориџин приказните за самите карактери. Mario и Luigi ќе бидат водоводџии од Бруклин кој што се нашле во овој свет. Потоа Princess Peach ќе биде од Кралството на Печурките, и се натака. Филмот нема многу да иде во некои чудни правци. Филмот ќе вклучува и ликови кои одиграле поважна улога во раната историја на Mario, како Spike и Cranky Kong.

Има голем притисок врз Nintendo и Illumination да го направат филмот The Super Mario Bros. како што треба! Познатиот игран филм кој што се вртеше секојдневно на БТР – Super Mario Bros. од 1993 година беше критички и комерцијален пропуст и го исплаши Nintendo од правење дополнителни адаптации на големиот екран. Од сè што е прикажано досега, филмот за Mario во 2023 година изгледа многу поперспективно и ќе биде интересно да се види како фановите се чувствуваат за готовиот производ. Засега, фановите ќе треба само трпеливо да чекаат за да дознаат сами кога ќе излезе во кино на 7-ми април!

МАРКЕТИНГ

About The Author

KeokeN, девелоперите зад неколку помали игри, објавија дека ги отпуштаат сите вработени во студиото. Одлуката доаѓа по неуспехот да соберат нешто „значајно“ по присуството на Конференцијата за развивачи на игри (GDC) во Сан Франциско.

Во изјавата објавена на Твитер, извршниот директор Коен Дитман и управниот директор Пол Дитман го објаснија изборот да ги отпуштат преостанатите вработени.

Срцето скршено, моравме да го отпуштиме нашиот тим во KeokeN бидејќи ништо суштинско не се материјализираше директно по нашата посета на GDC“, велат тие. „За жал, ги исцрпивме сите наши можни опции за објавување, работа за изнајмување и заеднички развој.”