PlayStation сакаат да додадат реклами во нивните игри, посебно во Free To Play игрите

Пред некое време XBOX најавија дека сакаат во нивните игри и на нивната платформа да вклучат повеќе реклами во бесплатните игри, изгледа дека и конкуренцијата PlayStation исто така ја тестира ова опција. Очигледно и они сакаат да направат уште по неколку милиончиња со реклами.

Според Advertising Insider, Sony сака да ги охрабри девелоперите да креираат бесплатни игри со додавање на овој нов начин за нивна монетизација надвор од микротрансакции. Слично на она што го знаеме за планот на XBOX, целта на Sony е рекламите да се вклопат во остатокот од играта, како ставање реални реклами на билбордите на виртуелните спортски стадиони. Sony исто така бара опција како да ги наградува играчите за гледање реклами и промоции со Items во самите игри, вклучително и аватари. Под тоа може да се каже нешто како во играта да се стави двоглед кој што ќе служи за гледање на некои работи во далечина.

Иако веќе знаеме дека Microsoft не планира да ги намали приходите, Sony сè уште одлучува дали ќе преземе удел во ова, затоа им е само план. Што се однесува до компаниите со кои Sony ќе биде партнер, еден извор во извештајот гласеше дека Sony има строг процес на проверка за избор на рекламни партнери, исклучувајќи ја секоја компанија што собира лични информации како што се адреси и имиња на e-mails. Програмата на Sony треба да започне до крајот на оваа година. Доколку започне ќе биде многу опасна работа, и ќе се повторни она што на YouTube се вика “YouTube Adpocalypse

Има одредени грижи за програмата, имено како компаниите ќе можат да ги следат гејмерите и нивните навики за купување откако ќе ја видат рекламата во играта. Некои промотори/комапнии можеби ќе сакаат да избегнат да го ветуваат својот производ во игри со насилна содржина. Наводно, XBOX планира да ја лансира својата рекламна програма до третиот квартал на 2022 година. Тоа би можело да вклучува реклами што се прикажуваат како рендерирани билборди во тркачките игри. Добивката ќе биде поделена помеѓу развивачот на играта и рекламната компанија.

Рекламирањето во игрите не е нов концепт, но првпат се гледа како XBOX и PlayStation се посветуваат на идејата на ова ниво. Претходно, видовме дека ЕА ги отстранува рекламите од UFC 4 по барањето и нервозата на фановите, а видовме дека NBA 2K21 додава реклами што не може да се прескокнат на своите екрани на вчитување.

Со едно може да се сложиме а тоа е дека во иднина ќе бидеме максимално натрупани со реклами на секој чекор

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

About The Author

Sony ги објави бесплатните игри кои доаѓаат на PS Plus за членовите на Essential во мај 2024 година.

Почнувајќи од 7 мај, членовите на PS Plus Essential ќе добијат бесплатен пристап до EA Sports FC 24 (PS4, PS5), Ghostrunner 2 (PS5), Tunic (PS4, PS5) и Destiny 2: Lightfall (PS4, PS5). Како и сите месечни игри на PS Plus, играчите можат да ги додадат во својата библиотека за да ги побараат во секое време во текот на месецот кога се достапни. Откако ќе се додадат, тие можат да се инсталираат и репродуцираат во секое време се додека имате активно членство.

Destiny 2: Lightfall, Ghostrunner 2 и Tunic ќе бидат достапни за симнување од 7 мај до 3 јуни. EA Sports FC 24, сепак, ќе биде достапна до 17 јуни.

Покрај четирите игри, претплатниците на PS Plus можат да го побараат стартниот пакет на PS Plus Football Ultimate Team. Пакетот вклучува 11 играчи кои не можат да се тргуваат, сите оценети со 82 или погоре, како и избор на играч за заем од ICON за седум натпревари.