Нова Star Wars игра во припрема со Богата Филмска Акциона-Авантура

Lucas Games и Skydance New Media на социјалните мрежи ја споделија веста дека се здружуваат да направат уште една Star Wars игра зад која ќе стои познатата Amy Henning а играта треба да биде “„Богата филмска акциона-авантура“

Играта е опишана во соопштението како што пишавме погоре која ќе ја содржи оригинална приказна… По не се знае веќе кој пат. Тоа е сè што има во однос на деталите, бидејќи проектот се појавува во раниот период на избор, моментално веројатно се наоѓа тимот кој што ќе ја работи играта, и ова нема да го видиме а ни па играме уште долго време. Можеби ќе изелзат во исто време со Star Wars: Eclipse, па ќе си ги мерат… силите.

Често сум опишал како гледањето на Star Wars во 1977 година на начин како јас би ја променила малку приказна и како јас би сакала да ја направам. Обликувајќи го мојот креативен живот и иднина неизбришливо. Среќна сум што повторно ќе работам со Lucasfilm Games за да раскажувам интерактивни приказни во оваа галаксија што многу си ја сакам

Amy Hennig

На Amy Henning, најпозната креација и е светот на Uncharted и нормално познатата Soul Reaver. Но сепак на нејзе не и е непознато, и не и е ништо ново да работи со луѓето заложни за Star Wars. Нејзиниот последен проект за жал не успеа да види бел ден од причина што играта и целиот проект беше згаснат. За жал и тоа беше Star Wars проект под името “Project Ragtag“. Очигледно Amy Hennig дала цела душа за да и се врати проектот, и веројатно оваа нова Star Wars авантура ќе биде буквално истото нешто што сакала тогаш да го направи но овој пат ќе биде “богата”.

Ова го означува вториот голем проект за Skydance New Media, кои беа формирани во 2019 година. Минатиот октомври, Hennig објави дека нејзиниот тим работи на оригинална акционо-авантуристичка игра од светот на Marvel. Некако во пакет доаѓа тоа, ако ги фатиш најголемите мора одма да ги фатиш и вторите најголеми… Ни за таа Marvel игра не се знае буквално ништо, ни за што ќе биде фокусирана ни кои карактери ќе бидат во главниот фокус на играта. Од играта се надеваме дека нема да биде како Marvel’s Avengers. Или уште поголемо надевање, да не биде Avengers бидејќи доста ни е што имаме мулти-милијардерски филмови и серии кои што цело време ги гледаме, а светот е ОГРОМЕН… Fantastic Four, X-Men, Runaways, има премногу кои можат да влезат во листата.

Сега кога лиценцата за Star Wars веќе за серќа не е ексклузивна за EA, овој нов проект се придружува на купот од неколку претстојни игри од различни студија. Star Wars Eclipse на Quantic Dreams беше најавен минатиот декември, и можеби на мистериозната Open-World игра на Ubisoft можно е да биде некој Star Wars проект кој треба да почекаме да се најави. Дали 3 игри во исто време е премногу или малку?

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.