Bethesda сподели три кратки анимирани филмови од светот на Starfield

Starfield пристигнува за нешто повеќе од еден месец, и девелоперите од Bethesda Game Studios објавија три анимирани кратки филмови како дел од новата антолошка серија наречена Starfield: The Settled Systems.

Во кратките филмови, ќе видите три од големите градови на играта. „Следете пилот за испорака во Нова Атлантида кој го бара возбудливиот живот на елитата; заглавено сираче кое бара излез од градот Акила; и два улични стаорци кои се борат да преживеат во долниот дел на Неон“, напишаа студиото за медиумите.

Ако сте возбудени за играта, би препорачал да одвоите време за да ги гледате сите филмчиња. Сите тие се помалку од три минути, прекрасни во движење и нудат интригантен вкус на универзумот Starfield. Играта треба да излезе на 6-ти септември на Xbox и PC, иако можете да ја играте неколку дена порано ако направите Pre-Order на Premium Edition или Constellation Edition. Ако сакате да видите повеќе за играта откако ги гледавте овие филмчиња, Microsoft и Bethesda споделија 45-минутно длабоко нурнување во играта во месец јуни.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN