Nintendo Switch Online добива 3 нови SEGA GENESIS игри

Игрите Super Fantasy Zone, Alien Soldier и Light Crusader се додадени во библиотеката Sega Genesis за Nintendo Switch Online. Од денес игрите се достапни за сите корисници кои што претплатени на Switch Online и Expansion Pass. Тие овозможуваат пристап до игрите со конзолите N64 и Sega Gensis.

Super Fantasy Zone е шутер игра во која играчите се борат со злобниот Dark Menon додека се обидуваат да му се одмаздат на својот татко. Играта е забавна за гелдање, но и за играње, и има одлична музика, како и прекрасни контроли

Alien Soldier е акциона платформа во која вие контролирање вонземјански војник (интересно име). Треба да победите 25 босови, а играта ја направи студиото Treasure кое е познато по брзите, енергични и експлозивни игри. Alien Soldier никогаш не излезе во САД и тоа е многу интересно за играта.

Третата и последна игра на Sega Genesis и Light Crusader. Овој акционен RPG не е лоша изометриска авантура, но бидејќи овој жанр можеби се разви најмногу во времето на Sega Gensis, би рекле дека времето малку го надмина овој наслов.

За сега има 23 наслови од SEGA Genesis кои што се префрлени на Nintendo Switch Online Expansion Pass, вклучуваќи класици како што се Altered Beasts, Castlevania: Bloodlines и Golden Axe. F-Zero X беше додадена во колекцијаа N64 претходно овој месец која што се придржи на The Legend of Zelda: Majora’s Mask и уште на 11 други N64 игри достапни на платфромата.

https://www.youtube.com/watch?v=fNsGXJ6Cl00

Nintendo Switch Expansion Pass исто така ви дава пристап до DLC за игрите на Nintendo, како што се Animal Crossing: New Horizons Happy Home Paradaise и Mario Kart 8 Delue’s ‘Booster Course Pass’. Тоа ја прави играта да не е обична со 48 мапи туку да имате САМО 96 мапи. Доколку не можете да ја најдете најдобрата мапа за вас од 96 тогаш Mario Kart не е за вас.

Дали сте корисници на Ninendo Switch и дали играте ретро игри на него? Напишете ги вашите одговори во комеантарите, или пишете ни на некои од социјалните мрежи.

МАРКЕТИНГ

Незадоволните играчи се обидоа да го бојкотираат Sony во август, откако компанијата објави дека ќе ја прекине поддршката за физичките копии на игри. Сепак, се чини дека протестот PlayStation Digital Blackout доживеа неуспех.

Sony објави официјални податоци за вториот фискален квартал, со што јасно стави до знаење дека бојкотот не влијаел врз резултатите ниту малку. Наместо тоа, компанијата продолжила да расте, потврдувајќи го својот став дека прекинот на производство на физичките копии на игри нема да влијае врз работењето на Sony.

Со оглед на тоа што Sony ќе го прекине производството на правење физички копии во јануари 2028 година и наводно се обидува да воспостави монопол на дигиталните игри, сопствениците на PlayStation кои не беа задоволни од неодамнешните деловни практики на компанијата организираа бојкот. Од 23 до 30 август, гејмерите и користниците на PlayStation се обврзаа дека нема да купуваат игри, дигитални игри или да ги обновуваат претплатите на PlayStation Plus. И најинтересното беше дека нема ни да ги вклучуваат нивните конзоли.

Сепак, протестот и бојкотот привлече помалку внимание од очекуваното. Советникот за индустријата за видеоигри во Circana, Мет Пискатела, првично забележа дека немало значителна промена во бројот на играчи или нивната активност за време на бојкотот.

Финансиските извештаи ја потврдија незначителноста на протестот за работењето на Sony. Не само што продажбата и активноста не се намалиле, туку и се зголемиле, при што Marvel’s Wolverine на Insomniac Games го предводи растот со 2,4 милиони продадени копии.

Во споредба со претходниот квартал, бројот на месечно активни корисници се зголемил за 2 милиони, а дигиталната продажба пораснала за 138,8 милијарди јени – односно 158,7 милијарди јени ако се вклучат и дополнителните содржини, што изнесува околу 996,2 милиони долари, според просечниот девизен курс за вториот фискален квартал.

Со лансирањето на Grand Theft Auto 6 на 19 ноември, се очекува бројките да продолжат да растат и во овој фискален квартал. Со приближувањето на датумот на објавување, многу играчи ќе се погрижат да ги обезбедат своите претходни нарачки за да можат да ја преземат GTA 6 однапред, пред официјалното објавување. Дополнително, бидејќи физичкото издание на GTA 6 не содржи диск, повеќето едноставно ќе се одлучат да ја купат играта преку PS Store, што дополнително ќе ја зголеми дигиталната продажба.

Можеби ова е сурова реалност за поддржувачите на физичките медиуми, но вистината е дека одлуката на Sony да се насочи кон целосно дигитална иднина досега немала негативно влијание.

Со оглед на проценките дека следната генерација на Xbox на Microsoft би можела да чини до 1.800 долари – а притоа сè уште не се знае дали воопшто ќе има вграден читач за дискови – Sony веројатно ќе продолжи да бележи успех, без оглед на тоа што се оддалечува од физичките медиуми.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!