Девелоперите на Until Dawn ја прикажаа својата нова игра – The Quarry

Деелоперите Supermassive Games и паблишерот 2K Games ја прикажаа својата нова хорор игра која што го носи името “The Quarry” од како ја најавија буквално вчера. Во разбој за PC, PS4/5, XBOX Series S/X, новата хорор игра треба да излезе ова лето, а денес го добивме нејзиниот прв официјален трејлер. Од трејлерот може да видиме дека се работи за нешто многу слично на Until Dawn, односно во голема мера е супермасивна хорор игра која што треба да излезе на 10ти јуни 2022 година.

Лето, доцна ноќ, во оддалечените шуми на северниот дел на Њујорк тинејџерските советници од Hackett’s Quarry го имаат логорот за себе за една последна вечер. Тоа значи дека нема деца, нема возрасни и нема правила. Во оваа возбудлива филмска приказна вие ги контролирате судбините на сите девет советници од камот додека нивните забавни панови се расплетуаат во непредвидлива ноќ на ужас. Со одлуки за живот или смрт на секој чекор, изборот што ќе го направите ќе одреди како ќе се одвива приказната.

Синопсисот за The Quarry

Supermassive Games се основани во 2008 година. Британско студио кое што е најпознато по ексклузивата за PS4 “Until Dawn” од 2015 година. Тинејџерска хорор игра сместенаво 90ти години која што до денес се смета за една од најдобрите хорор игри некогаш направени и напишани. Пред Until Dawn да го стави студиото на мапата и светот да ги дознаат повеќе, во голема мера студиото беше зафатено со тоа што работеше на IP-иња за други студија како за LittleBigPlanet. По Until Dawn студиото се фокусираше на создавање сопствен IP. Од 2015 година до сега се уште немаат ништо добро извадено и направено, но можеби еве The Quarry е играта што ќе ги врати на мапа.

Студиото по издавање на Until Dawn издаде уште неколку проекти. Во 2016 година извадија две игри за Playstation VR – Until Dawn: Rush of Blood и Tumble VR. Потоа во 2017 година ја објавија Hidden Agenda која што беше уште една ексклузива за PS4. Во 2018 година се вратија повторно да работат на PSVR игри и ги издадоа The Inpatien и Bravo Team. Овие две игри го означија крајот на ексклузивно работење со Playstation. Оттогаш, се издадени три игри во серијата The Dark Pictures Anthology, кои што служеа како малку враќање за студиото, но се уште не го привлекоа истото внимание како Until Dawn од 2015 година.

Дали сте фанови на Until Dawn и сите проекти на ова студио? Напишете ги вашите одговори во комеантарите, или пишете ни на некои од социјалните мрежи.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Веќе се претпоставуваше дека 2-та сезона на „The Last of Us“ на HBO ќе биде објавена во 2025 година со оглед на распоредот на снимање. Но сепак денес компанијата потврди дека серијата офицјиално ќе пристигне во 2025 година.

Снимањето на втората сезона требаше да започне во јануари 2024 година, но неодамна беше малку одложено до февруари поради презафатениот распоред на Педро Паскал. Официјалниот датум на започнување за снимање на 2-та сезона на Last of Us сега е 20 февруари 2024 година и се очекува да заврши до 9 септември 2024 година.

Распоредот на снимањето на Педро Паскал е преполн бидејќи ги снима филмовите и сериите „Gladiator 2, Fantastic Four, and The Maldalorian“.

Откритието дојде кога магазинот GQ го прашаа Neil Druckmann: „Луѓето исто така шпекулираат како сезона 2 ќе опфати толку голема игра. Дали следната сезона ќе го опфати целиот тек на вториот дел?” На што Дракман одговорил: „Втората игра ќе биде во повеќе сезони“.

Датумот на објавување во 2025 година може да биде малку разочарувачки за фановите, но чекањето треба да вреди. Адаптацијата на The Last of Us од HBO направи огромен успех за својата прва сезона, а првата епизода беше премиерно гледана од 4,7 милиони гледачи на првиот ден. Неделните епизоди потоа ги надминаа претходните рејтинзи на гледачите од недела во недела, при што серијата имаше во просек 32 милиони гледачи по епизода.