Околу 1.3 милиони фајлови беа украдени од Insomniac Games! Се изработуваат X-Men, Spider-Man и Wolverine игри

Една недела откако хакерската групата Rhysida објави дека успешно ги хакирале Insomniac Games и преземале многу информации и документи, групата објавила преку 1,3 милиони датотеки на интернет за секој да може да си ги види и земе! Целосното протекување се случи во понеделникот вечерта, откако групата изјави дека ниту еден купувач не е подготвен да ја плати бараната цена од 2 милиони долари за фајловите.

Севкупно, податоците се со големина од речиси 1,7 терабајти.

Што се однесува до информациите кои протекоа во хакирањето на Insomniac, тие се движат од датуми на објавување на играта и спојлери за претстојната игра на Wolverine до… за жал… чувствителни информации за вработените… Прво објавено од Cyber Daily, дека чувствителните информации вклучуваат внатрешни документи за човечки ресурси, даночни информации, внатрешни пораки на компанијата, компјутерски информации, формулари за отказ, па дури и пасошки детали…

Исто така, во протекувањето податоци е вклучен и договор потпишан помеѓу Sony и Marvel во врска со развојот и објавувањето на X-Men игри, почнувајќи од споменатиот наслов Wolverine. Документот беше потпишан од Џим Рајан од Сони и Исак Перлмутер од Марвел и стапил на сила од јули 2021 година.

Вкупно три X-Men игри се опфатени со договорот.

Во пораката дадена до Cyber Daily, организацијата изјави дека намерно ја таргетирале компанијата и рече дека „знае дека програмерите што прават игри како оваа се лесна цел“. Тие додадоа дека не е потребно многу напор за да се влезе во мрежата на студиото за податоците.


Извор: Cyber Daily

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN