Death Stranding за iPhone е одложена до 2024 година

Death Stranding требаше да дојде на iPhone, iPad и Mac до крајот на 2023 година, но сепак сега тоа нема да се случи. Издавачот 505 Games објави дека играта сега е одложена бидејќи на девелоперите им треба повеќе време, и се преместува за првиот дел од 2024 година.

Кога ќе биде објавена, играчите ќе ја добијат Death Stranding Director’s Cut, што е многу добри бидејќи се добива убавата голема верзија на играта. Уредите iPad и Mac треба да имаат чип M1 или понов. На фановите ќе им треба iPhone 15 Pro за да играат Death Stranding.

Resident Evil 4 и Resident Evil Village беше портана на iPhone 15 Pro, додека Assassin’s Creed Mirage и The Division Resurgence се упатени кон најновите iPhone уреди во 2024 година. iPhone на Apple технички можат да играат игри од тековната генерација преку клауд стриминг.

Во другите вести за Death Stranding, Kojima Productions неодамна објави договор со филмското студио A24 за филмот Death Stranding. Kojima Productions моментално работат и на Death Stranding 2, но и на тазе најавената игра “OD” во колаборација со режисерот Jordan Peele.

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN