Дали Киксан ќе биде „новиот“ Сакса?

Многу е убаво чувството да си гејмер во Македонија последниве години. Сакса освојува мејџор, две години по ред светски шампиони во аматерски CS:GO, и сега уште една вест која според мене е во некои аспекти поголема и од таа за Сакса!
Не знам колкумина се упатени бидејќи нашиот гејмерски свет е толку разгран, и интересите ни се на сите страни, истиот тим кој освои светски аматерски првак два пати по ред во CS:GO,  се обидоа и на професионалната сцена и беа во топ 30 тимови во свет и во одредени случаи победуваа топ 10 ранкирани тимови или играа блиски натпревари со нив. Кратко кажано тоа е многу лудница да се види и да се доживува! Нешто што треба сите ние да се гордееме бидејќи ретко кој може да го направи овој успех!


Ростерот се состоеше dan1, aidKiT, CacaNito, stYleEez и kyxsan, и во годиниве назад играа под знамето на повеќе тимови како QSKE Gaming, GG, Airlya, но наголемите успеси ги покажаа во тимот Bluejays.

За жал таа приказна заврши годинава…

Беше убаво да се гледа ростер составен од комплетно македонски играчи,кои ни го дадоа задоволството да ги чекаме нивните натпревари со пиво и грицки, како кога обичните смртници чекаат да игра нашата фудбалска репрезентација. Убаво беше и во овој спорт да можеме да се дереме пред екран: 

МАКЕДОНИЈА,  МАКЕДОНИЈА !!!

По завршувањето на договорот со Bluejays, дечките се пуштија во акција да бараат нов тим, но бидејќи нивните резултати не беа за потценување исто како и нивните специфични индивидуални таленти, и со тоа Kyxsan и CacaNito добија понуди од други странски тимови кои и двајцата ги прифатија.

CacaNito доби понуда од ATK, a Kyxsanод APEKS.

CacaNito имаше лоша среќа во периодот на адаптација со тимот,  му се погоди да треба да игра со едни од најголемите имиња на CS:GO сцената како Astralis, Liquid, ENCE, FORZE и апкамери како Bad New Eagles кои се во таква форма што го исчистија поранешниот шампион FAZE во квалификациите.

Од друга страна судбината на Kyxsan беше и се уште е посветла, но има повеќе од приказната тука, затоа мора малку поопширно да ја разработиме.

Најтешката позиција за играње во CS:GO e IGL (in-game leader), тие луѓе се „научниците“ во оваа игра. Покрај тоа што е потребно да го водиш тимот, да гледаш што се случува на твојот екран, да ја читаш играта на противниците, да наоѓаш начини за надмудрување на нивната игра, да носиш одлуки за економија, и да повторам, да си 100% фокусиран на тоа што ти е пред екранот и ефективен во пукањето, тоа е подвиг кои многу малце можат да го прават дури и во пониските слоеви на компетитивен CS:GO. Да го правиш тоа во најврвната класа во топ 30 тимови во светот треба да си на некое сосема друго ниво. Не е лесно да се најде добар „пукач“ кој ќе се вклопи во еден  тим во толку високо ниво, ама да се најде добар IGL кој е спремен ментално да носи одлуки под притисок, да ги чита одлуките и ефективно да ги надмудрува противниците во светска класа на компетиција е речиси невозможно.

Приказната почнува така што APEKS еден тим во топ 30 екипи поради недостаток на IGL паѓа на 128 место на листата. Тим кој е составен од ветерани и млади таленти, за кој се гледа дека имаат се што треба за да може да се борат и со тимовите од топ 10, има нешто што им недостасува, тоа е добар IGL .

Тука во приказната влегува Киксан.

Добива шанса да ги покаже своите способности и таленти во овој тим и за негова среќа првите натпревари ги играат против добри тимови ама сепак, ништо во топ 30.

Тука веќе APEKS почнува да заликува на сериозен тим, тим спремен да игра против секого, кастерите на натпреварите, полека ама сремежливо почнуваат да го споменуваат неговото име и да зборат како добро се вклопил.

И така беше се додека не дојдоа квалификациите за MAJOR.

Кога почнаа APEKS да се соочуваат со тимови од врвот на класата како FAZE, тука почна нашиот Киксан да доаѓа до израз. Дали пораз или победа, секој тим јако се намачи да игра против играта на Киксан. За кратко време се виде дека веќе во светот не постои тим кој е безбеден и може да ги земе здраво за готово, или да гледа на нив како сигурна победа. Како се поплочуваше патот кон MAJOR-от се поочигледни стануваа талентите на Киксан за таа позиција. Кастерите почнаа да го споменуваат неговото име како пример и додека се играа сосема други натпревари. Во повеќе наврати беа спомнувани негови одлуки и тактики и преку него ја дефинираа, цитирам „новата генерација на IGL која гледа сосема поинаков агол на CS GO, нови стандарди на кои сеуште не сме навикнале“.

Но тука не застана да се одмотува клопчето околу Киксан. По квалификувањето на APEKS на MAJOR, веднаш по победата, пост мечот интервју даде соиграчот на Киксан Joakim “jkaem” Myrbostad. Тоа е играч кој е ветеран во играва, и кој поголемиот дел од својата кариера го има поминато играјќи во класа на Топ5 тимови како FAZE и G2, долги години борејќи се рамо до рамо и против „crème de la crème“ играчите во оваа игра.

Во самото интервју веднаш по прашањето за импресиите како се чувствува во моментот и за моменти од самиот меч, дојде прашањето за Киксан, бидејќи само тој е единствената промена од кога беа 128 место во светот па се до овој голем момент, квалификување на MAJOR.

Тоа што jkaem го кажа на интервјуто,им даде на знаење на сите за каква големина на IGL се работи.

Тој рече:

 „Да, Киксан се вклопи одлично во тимот, во последниот период имавме тренинзи со многу играчи, дадовме шанса на многу играчи, но од кога се појави Киксан, сфативме дека тој е ОЧИГЛЕДНИОТ избор “.

Joakim “jkaem” Myrbostad

Убаво е што многу кратко по успехот на Сакса гледаме нов човек кој покажува голем потенцијал во гејминот, и не само тоа, туку покажува следно ниво во подобрување во самата игра само поради неговото уникатно видување на играта. Ако го земеме фактот дека Сакса не стави на мапата, Киксан со ова што го покажа до сеа, има потенцијал да стане легенраден играч и да послужи како пример на многу следни генерации кои доаѓаат во CS GO.

Сите го сакаме Сакса, и беше жалосно што неговото име не стана толку големо се до 2022, се дури не стана светски шампион, иако многу порано човекот беше легитимен на DOTA сцената. Прв во ранкинг на светско ниво долги години, едно второ место на најголемата сцена, финансиски осигуран долги години (нормално, тоа е мерилото кај нас за успех).
Ајде да не ја направиме таа грешка со Киксан, кога веќе светот се чуди на неговите способности, кога веќе врвот на класата се „поти“ да се бори против неговата тактика, ајде барем ние да му ја дадеме почитта што ја заслужува.

Киксан има 22 години, има барем уште 5 години игра во „пикот“ на своите способности. Потенцијалот е огромен, исто како оној на Сакса, вреден за споменување, и вреден за следење. Тој е човекот кој ќе охрабри една следна генерација на млади деца да тргнат по тој пат, и во најмала рака ќе ги прошири хоризонтите за тоа што е гејминг на ова наше поднебје. Вакви успеси го легитимираат гејмингот како појава, според моето искуство не само како забава, туку и како индустрија кај нас. Не само што младите се трудат да станат професионални играчи, туку и повеќе се вработуваат во гејминг индустрија како девелопери, дизајнери, QA и се што нуди индустријата.

И да одговорам на прашањето што го поставив во насловот.

Дали Киксан ќе биде новиот Сакса?

Да, искрено се надевам дека да, се надевам дури и дека ќе биде поголем.

А на нас останува на какво ниво ќе ги претставуваме нашите квалитетни луѓе пред општеството, дали ќе чекаме Киксан некаде во иднина да освои „светско“ за да го направиме битен пред обичните смртници, или тоа ќе се трудиме да го направиме уште сега.

Очигледно е дека кај нас се раѓа квалитет и потенцијал, дали тој ќе го воздигнуваме или и негуваме дури расте, или само ќе се гордееме со неговите успеси, многу зборува за нас.

А таа одлука, е само наша…

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Џез Корден од подкастот Xbox Two тврди дека XBOX работат на нова конзола која што ќе биде рачна (хендхелд). На подкастот Xbox Two, Корден изјави: „Знам дека XBOX имаат прототипови за рачна конзола во моментов“. Корден набрзо појасни дека тоа се „нови прототипови“, а не старите прототипови кои честопати се спомнуваат. Како што беше посочено во подкастот, прототиповите не мора да значат дека новите производи ќе бидат финализирани, само за проба им се, но сакаат да станат реалност.

Корден се надоврза со : „Ова нема да е клауд конзола или стриминг уред, ова ќе е целосно нејтив XBOX конзола“.

Nintendo Switch до сега има продадено над 100 милиони копии од неговото првично лансирање и сега со уредите како Steam Deck, ROG Allly, па дури и PlayStation Portal кои дојдоа на пазарот во последните неколку години, XBOX го прави своето движење и на овој пазар бидејќи сака секаде да има некаков удел.

Не е јасно кога XBOX ќе го најават и лансираат овој уред, односно оваа конзола, но различни гласини сугерираат дека следната генерација на конзолата би можела да биде целосно рачна, и би била исто како Nintendo Switch. Претходно оваа година, Фил Спенсер изјави дека конзолата од следната генерација на Xbox ќе биде „уникатна и моќна“.

На официјалниот подкаст на Xbox, новокрунисаниот претседател на Xbox, Сара Бонд, исто така, го разјасни она што е следно за Xbox

“We’ve got more to come. There’s some exciting stuff coming out in hardware that we’re going to share this holiday. We’re also invested in the next-generation roadmap. What we’re really focused on there is delivering the largest technical leap you will have ever seen in a hardware generation, which makes it better for players and better for creators and the visions that they’re building.”

Новиот претседател на XBOX, Сара Бонд