Дали Киксан ќе биде „новиот“ Сакса?

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Многу е убаво чувството да си гејмер во Македонија последниве години. Сакса освојува мејџор, две години по ред светски шампиони во аматерски CS:GO, и сега уште една вест која според мене е во некои аспекти поголема и од таа за Сакса!
Не знам колкумина се упатени бидејќи нашиот гејмерски свет е толку разгран, и интересите ни се на сите страни, истиот тим кој освои светски аматерски првак два пати по ред во CS:GO,  се обидоа и на професионалната сцена и беа во топ 30 тимови во свет и во одредени случаи победуваа топ 10 ранкирани тимови или играа блиски натпревари со нив. Кратко кажано тоа е многу лудница да се види и да се доживува! Нешто што треба сите ние да се гордееме бидејќи ретко кој може да го направи овој успех!


Ростерот се состоеше dan1, aidKiT, CacaNito, stYleEez и kyxsan, и во годиниве назад играа под знамето на повеќе тимови како QSKE Gaming, GG, Airlya, но наголемите успеси ги покажаа во тимот Bluejays.

За жал таа приказна заврши годинава…

Беше убаво да се гледа ростер составен од комплетно македонски играчи,кои ни го дадоа задоволството да ги чекаме нивните натпревари со пиво и грицки, како кога обичните смртници чекаат да игра нашата фудбалска репрезентација. Убаво беше и во овој спорт да можеме да се дереме пред екран: 

МАКЕДОНИЈА,  МАКЕДОНИЈА !!!

По завршувањето на договорот со Bluejays, дечките се пуштија во акција да бараат нов тим, но бидејќи нивните резултати не беа за потценување исто како и нивните специфични индивидуални таленти, и со тоа Kyxsan и CacaNito добија понуди од други странски тимови кои и двајцата ги прифатија.

CacaNito доби понуда од ATK, a Kyxsanод APEKS.

CacaNito имаше лоша среќа во периодот на адаптација со тимот,  му се погоди да треба да игра со едни од најголемите имиња на CS:GO сцената како Astralis, Liquid, ENCE, FORZE и апкамери како Bad New Eagles кои се во таква форма што го исчистија поранешниот шампион FAZE во квалификациите.

Од друга страна судбината на Kyxsan беше и се уште е посветла, но има повеќе од приказната тука, затоа мора малку поопширно да ја разработиме.

Најтешката позиција за играње во CS:GO e IGL (in-game leader), тие луѓе се „научниците“ во оваа игра. Покрај тоа што е потребно да го водиш тимот, да гледаш што се случува на твојот екран, да ја читаш играта на противниците, да наоѓаш начини за надмудрување на нивната игра, да носиш одлуки за економија, и да повторам, да си 100% фокусиран на тоа што ти е пред екранот и ефективен во пукањето, тоа е подвиг кои многу малце можат да го прават дури и во пониските слоеви на компетитивен CS:GO. Да го правиш тоа во најврвната класа во топ 30 тимови во светот треба да си на некое сосема друго ниво. Не е лесно да се најде добар „пукач“ кој ќе се вклопи во еден  тим во толку високо ниво, ама да се најде добар IGL кој е спремен ментално да носи одлуки под притисок, да ги чита одлуките и ефективно да ги надмудрува противниците во светска класа на компетиција е речиси невозможно.

Приказната почнува така што APEKS еден тим во топ 30 екипи поради недостаток на IGL паѓа на 128 место на листата. Тим кој е составен од ветерани и млади таленти, за кој се гледа дека имаат се што треба за да може да се борат и со тимовите од топ 10, има нешто што им недостасува, тоа е добар IGL .

Тука во приказната влегува Киксан.

Добива шанса да ги покаже своите способности и таленти во овој тим и за негова среќа првите натпревари ги играат против добри тимови ама сепак, ништо во топ 30.

Тука веќе APEKS почнува да заликува на сериозен тим, тим спремен да игра против секого, кастерите на натпреварите, полека ама сремежливо почнуваат да го споменуваат неговото име и да зборат како добро се вклопил.

И така беше се додека не дојдоа квалификациите за MAJOR.

Кога почнаа APEKS да се соочуваат со тимови од врвот на класата како FAZE, тука почна нашиот Киксан да доаѓа до израз. Дали пораз или победа, секој тим јако се намачи да игра против играта на Киксан. За кратко време се виде дека веќе во светот не постои тим кој е безбеден и може да ги земе здраво за готово, или да гледа на нив како сигурна победа. Како се поплочуваше патот кон MAJOR-от се поочигледни стануваа талентите на Киксан за таа позиција. Кастерите почнаа да го споменуваат неговото име како пример и додека се играа сосема други натпревари. Во повеќе наврати беа спомнувани негови одлуки и тактики и преку него ја дефинираа, цитирам „новата генерација на IGL која гледа сосема поинаков агол на CS GO, нови стандарди на кои сеуште не сме навикнале“.

Но тука не застана да се одмотува клопчето околу Киксан. По квалификувањето на APEKS на MAJOR, веднаш по победата, пост мечот интервју даде соиграчот на Киксан Joakim “jkaem” Myrbostad. Тоа е играч кој е ветеран во играва, и кој поголемиот дел од својата кариера го има поминато играјќи во класа на Топ5 тимови како FAZE и G2, долги години борејќи се рамо до рамо и против „crème de la crème“ играчите во оваа игра.

Во самото интервју веднаш по прашањето за импресиите како се чувствува во моментот и за моменти од самиот меч, дојде прашањето за Киксан, бидејќи само тој е единствената промена од кога беа 128 место во светот па се до овој голем момент, квалификување на MAJOR.

Тоа што jkaem го кажа на интервјуто,им даде на знаење на сите за каква големина на IGL се работи.

Тој рече:

 „Да, Киксан се вклопи одлично во тимот, во последниот период имавме тренинзи со многу играчи, дадовме шанса на многу играчи, но од кога се појави Киксан, сфативме дека тој е ОЧИГЛЕДНИОТ избор “.

Joakim “jkaem” Myrbostad

Убаво е што многу кратко по успехот на Сакса гледаме нов човек кој покажува голем потенцијал во гејминот, и не само тоа, туку покажува следно ниво во подобрување во самата игра само поради неговото уникатно видување на играта. Ако го земеме фактот дека Сакса не стави на мапата, Киксан со ова што го покажа до сеа, има потенцијал да стане легенраден играч и да послужи како пример на многу следни генерации кои доаѓаат во CS GO.

Сите го сакаме Сакса, и беше жалосно што неговото име не стана толку големо се до 2022, се дури не стана светски шампион, иако многу порано човекот беше легитимен на DOTA сцената. Прв во ранкинг на светско ниво долги години, едно второ место на најголемата сцена, финансиски осигуран долги години (нормално, тоа е мерилото кај нас за успех).
Ајде да не ја направиме таа грешка со Киксан, кога веќе светот се чуди на неговите способности, кога веќе врвот на класата се „поти“ да се бори против неговата тактика, ајде барем ние да му ја дадеме почитта што ја заслужува.

Киксан има 22 години, има барем уште 5 години игра во „пикот“ на своите способности. Потенцијалот е огромен, исто како оној на Сакса, вреден за споменување, и вреден за следење. Тој е човекот кој ќе охрабри една следна генерација на млади деца да тргнат по тој пат, и во најмала рака ќе ги прошири хоризонтите за тоа што е гејминг на ова наше поднебје. Вакви успеси го легитимираат гејмингот како појава, според моето искуство не само како забава, туку и како индустрија кај нас. Не само што младите се трудат да станат професионални играчи, туку и повеќе се вработуваат во гејминг индустрија како девелопери, дизајнери, QA и се што нуди индустријата.

И да одговорам на прашањето што го поставив во насловот.

Дали Киксан ќе биде новиот Сакса?

Да, искрено се надевам дека да, се надевам дури и дека ќе биде поголем.

А на нас останува на какво ниво ќе ги претставуваме нашите квалитетни луѓе пред општеството, дали ќе чекаме Киксан некаде во иднина да освои „светско“ за да го направиме битен пред обичните смртници, или тоа ќе се трудиме да го направиме уште сега.

Очигледно е дека кај нас се раѓа квалитет и потенцијал, дали тој ќе го воздигнуваме или и негуваме дури расте, или само ќе се гордееме со неговите успеси, многу зборува за нас.

А таа одлука, е само наша…

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit
Share on pinterest

WP Post Author

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Рано е да се каже, но… Gollum е најлошата игра за 2023 година

Светот на Middle-Earth и тоа што го има креирано величествениот J. R. R. Tolkien е нешто што можеби никогаш нема повторно да се повтори во иднината на човештвото. Светот живее и расте благодарение на сите нас што сме фанови на тој прекрасен свет кој е богат со најдобрите Фантази елементи некогаш креирани и некако сите сакаат некогаш да бидат Middle-Earth и Lord of the Rings… Целата таа франшиза е преполна со книги, стрипови, филмови и многу други дела, но сепак како гејминг медиум сакам да се врзам само на тие работи повеќе. До сега има креирано преголем број на игри сместени во тој свет и сите раскажуваат одредени приказни на војни или ликови. Убавината е што секој гејмер си има своја омилена игра од овој свет. На многу фанови најдобри игри од овој свет се игрите со Рејнџерот “Middle-Earth: Shadow of Mordor & Shadow of War”, но исто така гејмерите ги обожаваат The Lord of the Rings Online, The Lord of the Rings: Battle for Middle-earth, LEGO игрите кои што се фантастички и се натака…

Германците од Daedalic Entertainment уште во 2019 година ја најавија оваа игра која што уште тогаш знаевме дека ќе се вика Gollum дека главниот карактер ќе биде ова мало другарче и требаше да ја видиме во 2021 година. Уште од прв ден сите беа зачудени од тоа што гледаат и дали воопшто вреди вакво нешто да биде направено бидејќи факт е дека никој не сака да игра со “GOLLUM” во свет како што е Middle-Earth… Во моментов како што го пишувам ова се повеќе ми се прави тежина во мислите дека играв како Gollum. По официјалното претставување на играта во 2019 година Gollum до сега беше одложувана 6 пати… Од официјалното издавање во 2021 година, играта официјално излегува денес, на 25ти мај 2023 година. Причина за тоа навистина е пандемијата која што го погоди целиот свет и ова студио навистина не успеа да работи убаво на оваа игра, но сепак од 2022 го сега имале доволно време да ги поправат работите кои што веројатно никогаш нема да ги поправат…

Gollum има многу слична приказна како Cyberpunk 2077, само разликата е што Cyberpunk 2077 го згреши времето на издавање, и еве тек сега полека се поправа. Gollum не згреши време, со Gollum ја згрешиле целата потреба. Многу сакам да го запознаам човекот што едно утро станал свеж од кревет, се дотерал, отишол на работа и дал предлог пред студиото “Дали мислите дека е добра идеја да правиме LOTR: Gollum игра?!”. И дополнително да ги запознаам луѓе кои што му ја одобриле оваа идеја да стане реална, но за жал да заврши со ваква тешка проблематика.

Gollum или Sméagol, на чива страна сте вие?

Морам прво да ја исфрлам агонијата која ми ја направи оваа игра…

Целата игра ја играв на PlayStation 5, или ајде убаво да се изразам, целата игра се обидував да ја играм на PlayStation 5. Доколку се прашувате зошто кажав ‘се обидував’ причина за тоа е бидејќи играта навистина не работеше… Во буквална смисла играта не работи на PlayStation 5! Играта е достапна за PC, PlayStation 4, PlayStation 5, Nintendo Switch и XBOX S/X, имав шанса да ја тестирам само на PlayStation 5 и не можам да кажам на другите платформи како работи, но на PlayStation 5 играта целосно крашнува и не може да се игра. Најголемите проблеми ги имав на самите почетоци во Chapter 3 и Chapter 4 каде што не можев ни да поминам 1 минута во играта додека се шетав во пештерите и пробував да се скријам од непријателите. Играта беше реинсталирана повеќе од пет пати од кои што два пати беше инсталирана и PlayStation 4 верзија за да се проба дали проблемите се исти. Да… проблемите беа исти, небитно која верзија ќе ја симнете, во истите моменти. Не е проблем да крашне игра (односно проблем е да), но сепак кога играта крашнува на буквално една минута играње, тоа навистина не се прифаќа…

Дополнително играта е преполна со други гејм-брејкинг багови кои што за жал ги гледав од самите почетоци до самиот крај на играта. Такви багови беа додека трчаш и пробуваш да побегнеш од непријател бидејќи те видел играта на отворено место ти прави бариера која што не знаеш како и зошто се случува и на моменти ми доаѓаше стварно да стиснам “DELETE RIGHT F**KING NOW” на самата игра бидејќи нема логика во 2023 година, игра која што се продава со цена од $69.99 (да не се буните, првично беше Full-Price, па се скарија и двете верзии за $10), да е на најновите генерации од конзоли, и воедно да носи толкаво име зад себеси да има вакви гејм-брејкинг багови, не може едноставно… Ова е нешто што требало уште еднаш да се одложи и да излезе барем во 2024 година кога навистина се ќе биде направено. Ниту еден човек на планетава да бидеме реални не ја очекуваше играва за да ги форсира девелоперите да ја издадат што е можно побрзо, и полна не довршена.

Најлошите гејм-брејкинг багови навистина беа на моментите кога треба да се користи една од најбитните механики во играта која што е нормално “Качувањето” по стрмните ѕидови и скокот од една платформа на друга. Не сте свесни колку пати се случуваше со карактерчето Gollum само така да гледам во ѕидот кој што е обележан за качување само така да си стои и да не ни пробува да се качи. Требаше малку да се движам низ околината, да свртам едно кругче за после неколку секунди да дојдам и да почне да се качува. Не… не може такво нешто да се случува веќе, срамота е. Да не навлегувам графички играта колку не е достојна, сите си имаат свој графички стил кој што го водат, но сепак овде е нешто што не може да се прифати во 2023 година. Навистина многу го класифицирам тоа временски, но навистина ова не се прифаќа. Играта графички нешто има згрешено со тоа што голем број текстури не можат да се прикажат и може често да се види некој камен или карпа да има замачкана текстура, се да се колку толку ајде да кажеме прифатливо, и само да се свртите и гледате нешто што не ви е јасно зошто е така.

Доколку ја играте ве молам НЕ УМИРАЈТЕ! Мора со болдирано ова да биде нагласено бидејќи ако умрете некако во самата игра рачунајте дека и вие ќе умрете во душата директно! Најголемите багови се случуват доколку направите грешка и умрете, е тука само треба да се молите вашата игра да работи како што треба. Баговите јас кои што ги видов после умирање беа тоа што карактерот не се движеше според јас каде што го насочував, многу пати при ползење или паѓав или излегував од самата игра. Доколку ви се случи и вас вакво нешто, директно Restart Level, не се обидувајте Restart from Checkpoint.

Дизајнот на Карактерите и Светот… Ајде да седнеме малку да разговараме со дечките, да им најдеме луѓе што навистина добро го работат тоа, да си ги платат и да им изработат нешто стварно убаво и значајно. Во ред, да, пробале, но сепак ајде малку да седнеме на разговор…

Иако немам убави зборови, сепак ќе преминам на добрите страни

Целата приказна е некако фокусирана на некоја приказна која што во стил никогаш не сме ја виделе и никогаш не сме ја дознале, и целата приказна е всушност присеќања на авантурите на Gollum. Омилениот лик на сите LOTR фанови – Gandalf го наоѓа Gollum во една од затворските келии на Elf-овите и го прашува да му раскаже се што се случило во минатото на крактерот. Фактички ние играме нешто што веќе се случило, и се навраќаме во мислите на Gollum и Sméagol, низ што поминал овој карактер

Играта земала големи инспирации од Uncharted франшизата па ајде да кажеме и од Assassin’s Creed франшизата за тоа како треба да се понаша некој лик кој што најголемите механики му се поврзани со качувања и криења. Качувањата на ѕидови и скокање на платформи навистина се осеќаше како да играв Uncharted игра само што карактерот не е лепотанот Nathan Drake, туку е едно гадно суштество наречено Gollum, што според концепти за малку ќе личел на многу чуден фетус и некој вид на дебело тесто… Можеби филмовите на Peter Jackson не ни го претставија Gollum во најдобро светло од аспект на овој карактер колку всушност може да биде акробратски настроен бидејќи факт е дека во филмовите на го видовме Gollum да е карактер што може баш така да се качува по карпи и планини, да скока ненормално високо па и во далечина, и да може да издржи многу работи кои што му ги даваат карактерите од светот да ги прави. Морам да признаам дека качувањето по ѕидовите (кога работи нормално) е прилично доста забавно и интересно бидејќи за да се стигне од едно место до друго најчесто мора да се качите или симнете од некоја локација. Доколку сте фанови на тие механики од Uncharted и Assassin’s Creed франшизите овде исто така добро ќе си поминете. Една замерка е тоа што сите качувања се многу кратки и многу често сакав онака да ме натера да се качам на некоја огромна планина бидејќи на моменти ми беше многу забавно, ама се е прекратко.

Интересен избор кој што играта ви го нуди е при разговор со некој NPC дали сакате да вратите како Gollum и да му вратите нешто злобдно, да направите нешто лошо и да го отерате таму каде што не треба, и тоа често ве носи во ситуација која што не е баш убава, или ќе вратите во улога на Sméagol. Доколку вратите на разговор со Sméagol, речениците секогаш се со исплашен глас, секогаш се ништо лошо да не се прави и секогаш да се најде добрина во нешто. Сепак… во Middle-Earth сме, која добрина да ја барам… Секогаш избирав да враќам како Gollum од причина што… Нема причина, јако е!

Играта не е ниту малку полна со механики за жал, но сепак што механики би имал Gollum сепак. Главните три механики кои што ги има играта се прекрасното качување, ползењето поред непријателите да не бидете чуени лесно и интересното криење кое е многу едноставно и логично, но сепак е многу добро ставено во текот на самата игра.

Поради некоја причина има ставено механики да пробате да задавите некој непријател со тоа што ќе му се скриете и од позади ќе му скокнете и ќе го убиете. Искрено малку заборавав дека во играта постои и вакво нешто од причина што од самиот почеток до крај не сум сигурен дали убив повеќе од 10 непријатели… Комотно можеле да не ни стават вакво нешто во играта, ништо не би променило… Но сепак нешто што доста ја менува играта и навистина ви помага при играње, барем мене многу ми помогна беше GOLLUM SENSE. Карактерот тоа го има добиено од причина што имал голема изложеност од The One Ring и добил сетило каде што може преку ѕидови да гледа каде има непријатели, каде треба да се движи и што има да се земе на самата мапа. Јас ова сетилот најмногу го искористив кога сакав да се осигурам дали позади тој ѕид има непријатели, на каде гледаат за дали можам да поминам позади нив, и искрнео многу го користев за каде ме насочува да идам во играта бидејќи цело време се губев и тотално губев ориентација за што и како треба.

Има пливање… Ако на некој тоа му значи нешто, иако пливањето ќе го користите само доколку сакате да барате некои Artifacts кои што се скриени под вода, за жал не видов ниту еден момент да требаше да отидам под вода за да се скријам од непријатели. Не е Gollum за во вода, он е добар само да трча по ѕидови па затоа има и ставено “HORIZONTAL WALL-RUN” & “VERTICAL WALL-RUN” кои што самите имиња кажува за што се работи. Со Horizontal трчате хоризонтално и пробувате да не паднете во некоја дупка, а со Vertical трчате вертикално на големи ѕидови каде што има белег оставен од големи канџи. Ако прашате зошто не може на сите ѕидови да трчате Хоризонтално и Вертикално веројатно нема да добиете одговор од девелоперите.

Нема многу што да се кажува друго за LOTR: Gollum. Прилично е кратка, нема да потрошите многу саати во самата игра, освен ако не сакате да го свртите буквално секое камче, но и тогаш нема да потрошите нешто ептен многу саати во светот. Искрено ќе кажам, не ви ја предлагам оваа игра да трошите пари и да ја купите одма. Оваа година следат многу добри игри, купете си некоја од нив или купете нешто што одамна сакате да купиете, за ова парите навистина ќе ви отидат беспотребно. Доколку сте навистина ептен Хар-Кор Фанатик по Lord of the Rings и светот на Middle-Earth и мора се да видите и играте тогаш добро, тогаш навистина се прифаќа, но доколку сте кежуал играч, не, но сепак одлуката е ваша.